вестиМакедонијаТоп вести

Сушниот период ќе ги зголеми трошоците на земјоделците

Продолжениот есенски период со високи температури и без врнежи и оваа година ги пролонгираше оптималните рокови за есенска сеидба во струмичко. Поради неповолните климатски услови за овие активности кај голем дел од земјоделците  сеидбениот план сеуште не е исполнет . Според експертите, иако оптималните рокови поминаа, време за обработка на површините и сеидба има, но со зголемени трошоци за околу 20 до 30%.

Од агенцијата за поттикнување и развој на земјоделието велат,  доколку продолжи сушниот период, освен на житното, ваквата состојба во еден дел може негативно да се одрази и кај раноградинарското производство.

Слични написи

Back to top button
Close