Агро бизнисВестиТоп вести
Облачно насекаде со врнежи од дожд, пообилни во јужните делови
Жолто ниво за предупредување од поплави - постои потенцијална опасност од локално излевање на реките и суводолиците во крајните јужни и југоисточни делови на земјата во текот на денешниот ден.
Облачно насекаде со врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во јужните делови (локално над 40 l/m² за 24 часа). Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Во Скопје, облачно со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Жолто ниво за предупредување од поплави – постои потенцијална опасност од локално излевање на реките и суводолиците во крајните јужни и југоисточни делови на земјата во текот на денешниот ден.
ВРЕМЕТО ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ: Во сабота ќе има локални врнежи од дожд, особено во јужните делови, кои попладне ќе престануваат. Од недела ќе настапи стабилизирање на времето со пониски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст.





