fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Облачно со повремен дожд и северен ветер

Во западниот дел на Македонија наврнале најголеми количини дожд

Времето денеска ќе биде претежно облачно и посвежо, со повремени врнежи од дожд. Пообилни врнежи ќе има во источните делови, каде ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен, ветер од северен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 18 до 24 степени.

Во западниот дел на Македонија наврнале најголеми количини дожд.

Податоците од УХМР, покажуваат дека паднале 35 литри на метар квадратен во Маврови Анови, 24 во Тетово, Попова Шапка, 22 во Претор, Крушево, 21 во Прилеп, 20 во Куманово, 16 во Крива Паланка, Демир Капија, 14  во Скопје Петровец, 13 во Охрид, 10 во Дебар, 9 во Пожаране, 6 во Виница, 5 во Тополчани, 4 во Штип, 3 во Струмица, Ѓуриште, 2 во Скопје Зајчев Рид, Битола, 1 во Берово, Лазарополе.

Се наведува дека дадените вредности за количината врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Како што додаваат, поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.

Големото невреме и поројните дождови што ја зафатија Крива Паланка предизвикаа дотекување на доловите и излевање на реките. Однесени се пешачки мостови, поплавени неколку домови, настанати се одрони и свлечишта и големи материјални штети

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close