
Агро бизнисВестиТоп вести
Облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни (над 25 l/m²)
Од среда и во деновите потоа времето ќе биде стабилно и суво со променлива облачност во текот на денот.
Облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни (над 25 l/m²). Кон крајот на денот врнежите ќе престанат. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој наместа долж Повардарието повремено ќе засилува.
Во Скопје, облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
ВРЕМЕТО ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ: Од среда и во деновите потоа времето ќе биде стабилно и суво со променлива облачност во текот на денот. Од петок облачноста ќе се намали и во деновите од викендот се очекуваат постудени утра со минимална температура која наместа ќе се спушти под нула степени.





