fbpx
Вести

За Божиќните празници од велешко откупени само 2.000 јагниња

За Божиќните и Новогодишните празници од општините Велес, Градско и Чашка се откупени околу две илјади јагниња. Од нив околу 1.700 се извезени на пазарите во Хрватска, Словенија и Италија. За разлика од минатите години, за празниците се извезени најмал број на јагниња. Сточарите велат дека ова се должи на намалениот број на стадата овци како и на ниската откупна цена на јагнињата. Со откупна цена од 160 денари за килограм жива мера, која е најниска во последниве 20 години, на сточарите им останува само маката.

jagne1

„Ако некогаш во велешко имаше над 60 илјади овци, моментално има само околу 20 илјади. Поради ниската откупна цена како на овците така и на јагнињата, поголем број сточари ги продадоа своите стада. Откупната цена е навистина многу ниска и не ни се исплаќа да одгледуваме овци. Цената на храната е за неколкупати повисока. Само како пример ќе наведам дека пред триесетина години само во Јаболчиште имаше над 30 илјади овци, а денес има само околу пет илјади. За да им се исплати на сточарите, откупната цена треба да биде најмалку 200 денари“, рече откупувач Ремзо Спаиќ од с. Црквино.

za bozhikjnite praznici od veleshko otkupeni samo 2000 jagninja

 

Со иста бројка на овци од околу девет илјади, со години наназад, своето стадо го чува само ЗК„Вардар“ од Градско кои се наоѓаат во селото Убого а во летниот период имаат свои пасишта на планината Бистра. На пасиштата во овие три општини на зимска паша се наоѓаат и над пет илјади овци чии сопственици се сточари од гостиварско, тетовско и дебарскиот крај.

Според откупувачот Спаиќ за велигденските празници, од стадата овци на велешките и на другите сточари очекува да се откупат околу 20 илјади јагниња од кои повеќе од 15 илјади ќе бидат за извоз.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close