fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Облачно со слаб снег по планините

Дневните температури ќе дстигнат во Скопје 5 Целзиусови степени, Маврово 1, Охрид 5, Битола 4, Крива Паланка 4, Берово 1, Кавадарци 6, Дојран 9.

Времето во Македонија ќе биде умерено до значително облачно со појава на локален слаб снег на планините најпрвин на северот, а потоа слаб снег ќе провејува понекаде претежно во западните планински делови. Преку денот ќе дува и умерен до засилен северен ветер најизразен вдолж Повардарието.

Во Скопје умерено до значително облачно со слаб до умерен ветер од северен правец. На повисоките делови од котлината ќе има услови за поjава на слаб снег.

Дневните температури ќе дстигнат во Скопје 5 Целзиусови степени, Маврово 1, Охрид 5, Битола 4, Крива Паланка 4, Берово 1, Кавадарци 6, Дојран 9.

Утре времето ќе биде умерено до значително облачно, попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Во Скопје променливо облачно со слаб до умерен ветер од северен правец. Дневните температури ќе се движат од 1 до 11 степени.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close