Облачно, врнежливо и потопло време
Утринската температура се движи во интервал од 8 до 12 степени, а дневната од 14 до 22 степени.
Во Македонија денеска ќе преовладува променливо облачно и потопло време со повремени врнежи од дожд, попладне особено во западните делови ќе има услови за појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен, долж Повардарието засилен ветер од југоисточен правец. Утринската температура се движи во интервал од 8 до 12 степени, а дневната од 14 до 22 степени.
Во Скопје променливо облачно време, претежно попладне со повремен дожд и со умерен до засилен југоисточен ветер. Минималната утринска температура ќе се движи до 11 степени, а максималната дневна до 21 степен.
И утре времето ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд, од пладневните часови на повеќе места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има услови за поинтензивни процеси во форма на невреме. Особено вдолж Повардарието и во источните делови ќе дува засилен ветер (над 60 км/час)
Во Скопје променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и со умерен до засилен југоисточен ветер.