fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Од 1 јануари ќе биде поедноставно да се вработите во јавна администрација

Од јануари нема да се чека согласност од Финансии за вработување во администрација

Измените на Законот за Буџет кои стапуваат на сила на почетокот на следната година, сите министерства, јавни претпријатија, јавно-приватни субјекти и сите друштва кои се во државна сопственост ќе може да вработуваат без да добијат согласност од Министерството за финансии.

Според министерот Фатмир Бесими, со ова решение, се децентрализира вработувањето во администрацијата.

Новиот закон ги укинувања барањата за согласност за вработување, кое одеше во неколку чекори: Согласност за Годишен план од Министерството за финансии, Министерството за информатичко општество или Политички систем, известување од Министерството за финансии за обезбедени финансиски средства, за на крајот институцијата да може да објави оглас. Бесими тврди дека ова ќе доведе до индивидуална одговорност кај раководните лица бидејќи ако ги злоупотребат буџетите на институциите, ќе одговараат кривично.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close