Од 27 март почнува исплатата на мартовските пензии, просечната изнесува околу 19 илјади
Просечната пензија во Македонија од 17 666 денари се зголемува на 19 150 денари
Просечната пензија во Македонија од 17 666 денари се зголемува на 19 150 денари, бидејќи мартовската пензија согласно методологијата ќе биде зголемување од 8,4 проценти.Ова денеска го кажа премиерот Димитар Ковачевски по завршувањето на Советот на социјална сигурност и најави
дека годинава, освен ова мартовско усогласување на пензиите, ќе следи уште едно во септември усогласено согласно трошоците за живот и порастот на просечната плата.
-За една календарска година, како што посочи, растот на пензиите ќе биде околу 16 проценти.Со покачувањата на пензиите што се случија лани во март и септември, заедно со ова покачување и тоа кое следи во септември, пензиите ќе бидат поголеми за 25 проценти што никогаш досега во историјата на државата се нема случено, нагласи Ковачевски.
Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска најави дека од 27 март годинава ќе стартува исплатата на мартовските пензии за 330 илјади пензионери во земјава. Таа најави дека ќе се утврдува и најниската пензија во Македонија, за што ќе биде утврден и праг на сиромаштија.
-Ќе продолжи поддршката ранливите категории на граѓани во земјава и во иднина. За изминативе четири месеци на 138 илјади социјално ранливи категории граѓани им се исплатија вкупно над 606 милиони денари- кажа министерката Тренчевска и дополни дека и пензионерите со ниски примања изминативе четири месеци добија финансиска помош.
Што се однесува на повикот за пријавување во матичната книга за евиденција министерката Тренчевска информира дека се јавиле 700 лица кои се веќе евидентирани.Според неа уште околу 350 лица остануваат да бидат вклучени во матичната книга за евиденција.https://www.vecer.press/