fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Од денес доматите ќе чинат 70, кромидот 60, зелените пиперки 90, бананите 70 денари

Од 5 до 30 април доматите во продавниците, маркетите и пазарите не можат да се продаваат по цена повисока од 70 денари, краставиците не можат да бидат поскапи од 75 денари, кромидот од 60 денари, карфиолот од 70 денари, гравот од 75 денари, леќата од 110 денари, бананите од 70 денари, портокалите од 55 денари, мандариниите од 60 денари и лимоните не поскапи од 55 денари

Владата денеска донесе одлука за намалување и замрзнување на цените на 11 видови овошје и зеленчук. Цените на доматите, краставиците, кромидот, карфиолот, зелените пиперки, гравот, леќата, бананите, портокалите, мандарините и лимонот ќе бидат ограничени од 5 април до крајот на овој месец.

Според анализите на Министерството за земјоделство, како и на Царинската управа, утврдено е дека маржите за тие видови овошје и зеленчук достигнале до 200 и 250 проценти во текот на март,  а Владата одлучи да ги ограничи на 40 проценти.

Од 5 до 30 април доматите во продавниците, маркетите и пазарите не можат да се продаваат по цена повисока од 70 денари, краставиците не можат да бидат поскапи од 75 денари, кромидот од 60 денари, карфиолот од 70 денари, гравот од 75 денари, леќата од 110 денари, бананите од 70 денари, портокалите од 55 денари, мандариниите од 60 денари и лимоните не поскапи од 55 денари.

Бектеши ги повика сите трговци со овошје и зеленчук целосно да ја почитуваат одлуката на Владата за ограничување на цените и додаде дека се очекува пад на цените кога македонското производство ќе се појави на пазарот.

„Очекуваме на крајот на април, на почетокот на мај, кога ќе почне да се пласира нашето производство на овошје и зеленчук, зголемувањето на конкуренцијата да влијае на намалувањето на цените“, рече Бектеши.

Владата од почетокот на март ги намали и замрзна цените на одредени видови хигиенски производи, оризот, јајцата од кокошка, некои млечни производи и тестенините, како и белиот и полубелиот леб.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close