fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Од денес се очекува ново поскапување на млечните производи

Има најави дека ќе поскапат и сирењето, кашкавалот и јогуртот.

Од денес поскапуваат дел од млечните производи, а за ова предупредување добиле дел од трговците. Според информациите на Телма дел и од млекопроизводителите потврдиле  дека од понеделник млекото ќе има нова повисока цена. За колку точно ќе се зголеми не се знае, а причината за растот се скапите енергенси.

-Во ситуација кога имаме континуиран бран поскапувања во сите производни сегменти, почнувајќи од примарното млекопроизводство и зголемувањето на цената на добиточната храна, што се одрази со зголемување на откупната цена на млекото за 40% само од август ланската година до овој август, како и повеќекратниот раст на цените на енергенсите, Бимилк како одговорна компанија и најголем производител на млеко и млечни производи во текот на целиот период од почеток на кризата има направено неопходни корекции на цената на своите производи. И ние како останатите во индустријата ги очекуваме најавените мерки за поддршка на бизнис секторот за да овозможиме поизедначена позиција во ланецот на млекопроизводство, се вели во дописот од Бимилк.

Има најави дека ќе поскапат и сирењето, кашкавалот и јогуртот.

И експертите алармираат дека поскапувањата ќе продолжат, но не очекуваат да има некои сериозни скокови кај цените иако стабилизација на цените се очекува дури во 2024 година.

За минимално да се ублажи ценовниот шок се ограничија маржите кај основните проозводи, се скратија и некои дополнителни трошоци. Се ограничи и извозот на одредени производи, како на пченицата, брашното, огревното дрво и пелетите. Сепак, и покрај ваквите одлуки процентот на инфлацијата од месец за месец расте. Властите сега најавуваат нов пакет мерки за помош и за граѓаните и за стопанството, до крајот на месецов.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close