„Банка за храна“ ја шири пораката против фрлање храна

(Oвој напис е објавен на: March 6, 2019)

Иницијативата „Банка за храна – Македонија“ се залага за ширење на пораката против фрлањето храна. „Помалку фрлена храна – помалку глад“ е главен припритет на т.н. ВСС ефект. Проектот кој почна во јануари минатата година со финансиска поддршка од ЕУ е акција фокусирана на промовирање на европските вредности на банкарството со храна и културата на „помалку фрлање храна“. ВСС Ефект е осмислен со цел да создаде подобри услови за банкарството со храна во земјата заради помалку глад.

Над 70.000 македонски граѓани имаат само два до три оброка неделно, покажале голем број истражувања што ги имаат спроведено од „Банка за храна – Македонија“. Големо количество храна се фрла во отпад, а сиромаштијата во Македонија е сѐ поизразена, има многу гладни семејства што не можат да си обезбедат по еден оброк дневно, а не, пак три. Прашањето е како да се направи прецизен систем без пречки во имплементација со кој храната наместо во ѓубре ќе заврши кај оние на кои им е најпотребна.


 

novamakedonija

Share Button