fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Од денеска основните производи со „одмрзнати“ цени, поскапувања не се очекуваат

Ситуацијата се следи на дневна основа и оценката е дека засега нема простор за големи ценовни осцилации

Од денеска престанува да важи владината одлука со која беа замрзнати цените на некои земјоделски производи, белиот и полубелиот леб, брашното, маслото за јадење, јајцата, оризот, тестенините, млекото и млечните производи. Се „одмрзнуваат“ и цените на пелените, тоалетната хартија, влажните марамчиња и хигиенските влошки.

Надлежните уверуваат дека поскапувања на овие производи нема да има, а доколку тоа се случи, веднаш ќе бидат преземени соодветни мерки. Ситуацијата се следи на дневна основа и оценката е дека засега нема простор за големи ценовни осцилации.-Согласно податоците што ги имаме, цените на повеќето производи се и пониски од нивото на замрзнаување кое сме го имале претходно. Ако од денот кога нема да важи одлуката за замрзнување има злоупотреба од страна на трговците, секако ќе следат различни мерки, изјави министерот за економија Крешник Бектеши.

Според него, непродолжувањето на мерката за замрзнатите цени на основните производи се должи, меѓу другото, и на наглиот пад на инфлацијата во земјава, особено на прехранбените производи.

Очекувањето на Министерството за економија е инфлацијата во јуни да биде пониска од 10 посто, а Бектеши е оптимист дека вкупната инфлација за цела година ќе биде пониска од проектираната.

И вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи смета дека нема услови да се зголемат цените на производите по одмрзнувањето. Додава и дека Владата ќе реагира ако за тоа има потреба.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close