fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Од изутрина повремени локални врнежи од дожд, а на планините од снег

Најладно утрово -5 во Берово, -3 Битола, Скопје-Петровец, -2 Крива Паланка, Прилеп, Штип, Демир Капија, Струмица, Тетово, -1 Велес, Кавадарци, Попова Шапка, Виница, 0 Скопје-Зајчев Рид, Маврови Анови, Претор, Крушево, Куманово, Гевгелија, 1 Охрид, 2 Дојран.

Променливо облачно, од изутрина со повремени локални врнежи од дожд, а на планините од снег што ќе ја зголеми снежната покривка. Претежно во западните и северните делови повремен снег ќе паѓа и на повисоките места. Ќе дува слаб до умерен, долж Повардарието северозападен, а во западните делови западен ветер, кој наместа повремено ќе засилува.
Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд. На повисоките места во регионот ќе паѓа повремен снег. Ќе дува слаб ветер од северен правец.
Можно е да е слика од мапа и текст кој вели „паланка Ckonje времето утре 22.12.2023 рад мин. макс. CKonje -2 6 гетово 0 6 маврово 1 3 охрид 2 7 битола 1 10 прилеп 0 кр.паланка 1 CB. николе -1 штип 0 берово 4 дкапија 0 струмица -1 евгелија 2 тетово николе маврово берово штип 9 5 6 7 5 10 10 11 д. Kanuja охрид прилеп струмица битола гевгелија гевг“

ВРЕМЕТО ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ: Утре ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, а на планините од снег што ќе ја зголеми снежната покривка. Особено претпладне и тоа во северозападните и северните делови повремен снег ќе има и на повисоките места. Во сабота ќе настапи стабилизирање на времето и ќе дува засилен северозападен ветер. Од недела следува период на тивко и релативно топло време, освен по котлините со магла. Од понеделник условите за магла ќе се зголемат.

Можно е да е слика од текст

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close