fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Од извоз на ориз остварен девизен прилив од 7 милиони евра

Извозот на македонски ориз станува важна ставка во остварувањето девизен прилив

Извозот на македонски ориз станува важна ставка во остварувањето девизен прилив и од пласманот на минатогодишната реколта на пазарите во странство е остварена досега рекордна сума, нагласи министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски при денешната посета на оризовите полиња во општина Чешиново-Облешево.

– Со новиот модел за субвенционирање оризот стана стратешка земјоделска култура, одбрана за стопроцентна финансиска поддршка од државата. Навремено се исплатени дополнителните субвенции за оризот, а минатата недела беше реализирана исплатата во вредност од над 4,5 милиони евра кон 9.055 земјоделци. Со тоа навремено, односно пред време, со авансна исплата, е заокружена поддршката кон нив, во период кога ги подготвуваат нивите. Бележиме добра цена на оризовата арпа, за што сведоци сте дека достигна до 40 денари за килограм, но она што радува е рекордниот извоз постигнат оваа година кој достигна вредност од околу 7 милиони евра, што можеби е двојно повеќе од пред неколку години. Тоа значи дека се цени квалитетот на македонскиот ориз, но мора да се вреднува и трудот на производителите, истакна  Николовски.

Министерот за земјоделство, заедно со директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој Никица Бачовски ја посети и компанијата за откуп, преработка и пласман на ориз „Еко зрно“ во селото Спанчево, при што нагласи дека освен за земјоделците, ќе продолжи и поддршката за правните субјекти за набавка на потребната опрема и механизација.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close