fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Од камати на долговите ќе куртулат 150 илјади граѓани

Спас од ковид-кризата

На над 150 илјади граѓани ќе им бидат отпишани каматите на долговите кон државните органи и јавните институции. Тие ќе можат главниот долг и трошоците да ги платат на рати. Станува збор за нова мерка за ублажување на последиците од пандемијата во С. Македонија, а е предвидена со новиот предлог-закон за отпис на камати и репрограмирање на долгови и трошоци на физички лица во услови на Ковид-19. Ова законско решение го усвои Владата и ќе биде испратено во Собрание.

Премиерот Зоран Заев не очекува да има негативни финансиски импликации од ова законското решение. Тоа ќе им овозможи на граѓаните, растоварени од притисокот на каматите, да ја исплатат само главнината на долгот на повеќе рати.

„Практично, ова законско решение е еднократна помош за решавање на проблемот на граѓаните кои со задоцнето плаќање, или неплаќање на долговите кон државните органи, акумулирале дополнителен долг врз основа на каматите. Тука се опфатени пред се најсиромашните граѓани“, вели Заев.

Законот се однесува на државните и јавните претпријатија. Премиерот на денешната прес-конференцијата упати апел до приватните компании доброволно и со „демонстрирање општествена одговорност“, да им излезат во пресрет на граѓаните и да им ги отпишат каматите.https://www.dw.com/mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close