fbpx
Вести

Од крајот на мај вакцинација на сите говеда против јазлестата кожа

Итна набавка на вакцини против болеста јазлеста кожа и вакцинација на сите говеда во државава е само една од мерките со која македонските власти ќе се борат со болеста што ги напаѓа говедата во државава. Во исто време ќе се усмртат само 132 заболени говеда, а ќе се прави и дезинфекција на сите одгледувачници. Надлежните смируваат дека иако болеста ја има во речиси сите региони во државава, засега се држи под контрола. Во Агенцијата за храна велат дека парите за вакцините се веќе обезбедени и дека од крајот на овој месец ќе почне вакцинацијата.

od krajot na maj vakcinacija na site goveda protiv jazlestata kozha

 

– До 20 мај треба да пристигнат вакцините против јазлеста кожа кај говедата за што се обезбедени еден милион евра. Секојдневно сме на терен заедно со сточарите и ветеринарните служби и засега успешно се бориме со болеста, вели Ванчо Костадиновски, заменик на министерот за земјоделство. Директорот на Агенцијата за храна, Зоран Поповски, вели дека усмртени ќе бидат 132 говеда.

Превентивно дејствување

– Тоа потврдува дека менаџирањето со болеста до овој момент е успешно. За споредба, можеме да ја земеме Бугарија, каде што се убиени 7.000 вели Поповски. Тој информира дека, покрај набавката на вакцините, превентивно се преземени и други мерки, согласно со ЕУ-стандардите и препораките за справување со оваа болест што ги дава ОИЕ.

– По усмртувањето на говедата, се врши дезинфекција на сите места што биле во контакт со заболените животни: одгледувачниците, превозните средства, механизацијата, луѓето и опремата објасни Поповски. Болеста јазлеста кожа во Македонија првпат беше потврдена на 22 април. Засега има шест жаришта, но, како што нагласи Поповски, не е исклучена можноста од нејзино натамошно ширење.

– Јазлестата кожа се појави првин во Грција, па во Бугарија и за тоа знаеја целиот Балкан и Европската Унија. Но, нема мерки што може да се преземат пред да се појави болеста во одредена земја. Затоа, се дејствува превентивно, преку обуки на ветеринарите и сточарите за рано препознавање на болеста како единствена мерка објасни директорот на АХВ.

Вирусот, додава тој, се шири многу лесно, преку комарци, мушички, а предвидувањето на Европската комисија е дека до 2017 година болеста јазлеста кожа ќе стигне до Норвешка.

За да се спречи ширењето на болеста. Агенцијата за храна минатата недела издаде упатството за примена на биосигурносни мерки на одгледувачниците. Тоа доаѓа со цел да се спречи влез и ширење на болеста, која може да предизвика намалена продуктивност на животните.

– Биосигурноста е одговорност на сопственикот и тој треба да направи план за нивно спроведување и да го имплементира како на вработените така и на посетителите на фармата стои во препораките на Агенцијата за храна. Според неа, секој одгледувач на животни треба да обезбеди да има само еден влез и еден излез од фармата и да постави знак за предупредување „забранет влез“. Мора да врши дезинфекција на чевлите и рацете при влез и излез од одгледувачницата и да постави дезинфекциони бариери на влезот и излезот на фармата.

640x480_1434016379

Спречување на ширењето

Вработените треба да користат заштитна облека при работа, која треба редовно да се чисти и дезинфицира и да се изолираат во карантин сите новонабавени животни.

– Ако се случи појава на болест, веднаш да се изолираат болните животни во посебна просторија, a работниците што работат со нив да немаат пристап до здравите животни. Изметот од објектите соодветно да се отстранува и пакува и да се врши контрола на храната за работниците на одгледувачницата. Најдобро е фармата да обезбеди храна за да се избегне внесување храна од непознато потекло стои во предупредувањето од страна на Агенцијата.

Истовремено, неопходно е да се воведе и контрола на движење на луѓе на фармата, движење во кругот на фармата, како и излез надвор од фармата. Ова се постигнува со воведување евиденција на посетителите на одгледувачницата. Исто така, работниците на фармата не треба да се движат од нечистиот чистиот дел. Во делот на биосигурносните мерки е и воспоставување контрола на движењето на возилата и опремата при влез, во кругот на фармата и при излез од фармата како нивна задолжителна дезинфекција.

За да се спречи, пак, размножувањето и презимувањето на ларвите во изметот од животните, потребно е соодветно да се обработи и да се компостира бидејќи притоа се развива температура која со сигурност ги уништува ларвите. Ѓубривото што се добива на тој начин може да се користи за наѓубрување на земјоделските површини.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close