Од што зависи родот на лозовите насади?

(Oвој напис е објавен на: January 29, 2019)

Ако веќе во јануари имаме млад зачеток во окцата, вистинското прашање е кога тој зачеток почнал да се формира? Прочитајте ги советите од експертите.

Знаеме дека на родноста на лозовите насади, влијаеме со резидба, исхрана и постапки на ампелотехника, како што се плевидба, порамнување и слично. Но, знаеме ли дека сите тие постапки влијаат на една единствена работа од која зависи родот на лозовите насади во следната година, а тоа е коефициентот на родност на окцата.

Тоа претставува просечен број на гроздови кој ќе се најде на едно окце, на некој едногодишен ластар и резник во лозовиот насад. Од некои окца, израснуваат млади со два грозда, од некои со три, а во родните години и со четири гроздови. Ако, на пример, од петтото окце (пупка) на секој ластар во лозовиот насад израснале просечно 2,8 гроздови, тогаш коефициентот на родност на петтата пупка во нашиот лозов насад е 2,8.

Ако во текот на јануари, земеме едногодишен ластар од лозовиот насад, со остар скалпер направиме пресек на петтата пупка, погледаме под лупа, ќе видиме дека всушност во таа пупка се наоѓа цела „компресирана младеж“ на виновата лоза на која веќе е запишано, зад кој лист ќе биде првиот грозд. И не само тоа, исто така веќе е одредена и големината на гроздовите во цветањето. Покрај главната пупка најчесто се наоѓаат и две споредни.

Ако веќе во јануари имаме млад зачеток во пупката, вистинското прашање е кога тој зачеток ќе почне да се формира?

Зачетокот на секоја „компресирана младеж“ во пупката, почнува да се формира во минатата вегетациска сезона, додека ластарот сеуште е зелен. Конкретно, во оној момент, кога листот на тоа колено нарастил доволно голем, за да почне да произведува асимилати и хранливи материи, не само за свој раст и развој, туку и вишок од истите за исхрана на пупките, гроздовите, стеблата, корените итн. Развојот на секој лист на младите на виновата лоза поминува низ три фази.

Во првата фаза, додека листот е уште мал, тој за својот раст и развој троши повеќе хранливи материи, отколку што може да произведи. Кога ќе нарасне до оптималната големина, тогаш со асимилација, фотосинтеза, произведува повеќе хранливи матери, отколку што им се потребни, така што истите се користат за раст и развој на новите млади листови, но исто така и за развој на окцата и големината на гроздовите. Во третата, последна фаза, листот станува стар, повеќе не може да произведува доволно хранливи материи, дури ни за сопствениот опстанок, туку треба да ги добие од младите листови.

Многу испитувања, утврдиле дека коефициентот на родност на окцата е помал кај оние на основата на ластарите, затоа истите растат кон средината или кон крајот. Причината поради која тоа е така, се крие во условите во кои тоа истото окце (пупка), лист, почнало да се развива минатата година. Ниските окца на ластарот, почнале да се развиваат во мај, јуни, додека оние на крајот од ластарот се развија во најтоплиот дел од годината со најдолга инсолација во јуни и јули. Практично, младицата која се развива во горното окце на резницата е онаа која би морала во следната година да послужи како ластар.

Дури кај порамнувањето на младиците, потребно е да се води сметка, дека всушност тие имаат најмногу светло во внатрешноста. На поголемиот коефициент на родност на окцата – пупките, влијаат многу фактори, од кои најважни се:

  1. Листовите на младиците на идниот ластар (автономност на младиците кај виновата лоза)
  2. Количината на родот на младиците на идниот ластар (автономност на младиците кај виновата лоза)
  3. Ладни и топли услови за време на формирањето на окцата
  4. Можност за никнување на младиците на идниот ластар
  5. Навремно отстранување на врвовите и висината (контрола на распоред на енергијата)

Сончевата изложеност на младите на идниот ластар

Кај виновата лоза, во голема мера е изразена т.н „автономност на младите“. Со други зборови, квалитетот на грозјето и пресметувањето на коефициентот на окцата за следната година, многу зависи од здравствената состојба, исхраната и сончевата изложеност на лисната маса. Како што е во најголемиот број случаи горните младици од овогодишниот резник, идниот нов ластар, логично е во сите операции на ампелотехниката точно неа да мора, да и се посвети најмногу внимание. За добар род во идната година, важно е да има доволно сончева светлина. Кај тоа, мора да посветиме внимание на количината на сончева светлина која влегува во лозовиот насад, зависно од насоката на редовите (исток – запад или север – југ), т.е на експозицијата зависно од страните на светот.

Количина на родот на младицата на идниот ластар

Виновата лоза по правило не подлежи на алтернативна родност. Но, доколку се случи, во истата година да имаме голем род, како и ладно и дождливо лето, кога мораме и по неколкупати да ги кинеме врвовите, за да направиме заштита од болести и штетници, лозата се исцрпува и настануваат лоши услови за диференцијација на зачетоците на родот за идната година. Добар, практичен пример е редоследот од 2001 до 2005 година.

Година                         Родност                   Лето

2001                              Добра                      Топло

2002                              Добра                      Многу топло

2003                              Многу добра          Екстремно топло

2004                              Екстремно родно   Многу ладно и врнежливо

2005                              Многу слабо            Нормално

 

 

Влијание на температурата на формирањето окца – пупки

 

Претходната табела, исто така дава јасен увид во значењето на температурата во времето на создавњето на зачетоците за идната година.

Влијание на филизите на формирањето на окцата

Лозата, генетски развила заперки – филизи, за да и служат за извлекување на лисната фото синтетска површина на сонце. Затоа не можеме по правило да тврдиме дека филизите се штетни. Штетноста зависи првично од сортата и моменталната фенофаза во лозовиот насад.Начелно, во другиот дел на вегетацијата, кога долните листови се веќе стари, тие трошат повеќе, отколку што произведуваат за своето постоење. Во тоа време, најактивни се листовите на филизите над зоната на грозјето. Доколку здравствената состојба и останатиот дел на агротехниката, уредно е направен, всушност тие можат со својата синтетска активност да придонесат за подобро создавање на зачетокот на гроздовите во идниот ластар, како и поголемо собирање на шеќер во грозјето.

Влијание на времето и висината на отстранување на врвовите врз формирањето на окцата

Секое отстранување на врвовите е отфрлување на делот на потрошена енергија. Лозата потрошила одредена енергија која можеме да ја изразиме во одредена количина на фото синтетска активност, количината на создадени нови материи на растителните ткива, потрошената количина на хранливи елементи.

После отстранувањето на врвовите, хранливите елементи и енергијата, привремено се трошат на созревање на гроздот и на создавање на зачетокот на родот за наредната година. Кога ќе започне растот на новите врвови и филизи, енергијата повторно се насочува на нов раст и останува малку за овогодишните и идните гроздови. Две кастрења и два нови раста, два пати ги насочуваат хранливите материи на нов раст на врвовите и филизите. Затоа, од голема важност за секој лозов насад и секои климатски услови е да се знае да се прилагоди ѓубривото за бујност, како и терминот и висината за отстранување на врвовите. Во повеќето случаи, подобро е отстранувањето на врвовите да се изврши што е можно подоцна и на што поголема висина.

Видливо е дека од многу фактори зависи дали на некое колено ќе се развие голем грозд или само витика од лоза. Всушност, формирањето на гроздот и витиката (праменот) почнува од идентичен иницијален вид ткиво, а од сите наведени фактори, зависи дали ќе се развие едното или другото. Затоа, не е чудно што во голем број случаи најголемиот грозд на чокотот е првиот грозд на последната младица од ластарот. Младицата која е последна на овогодишниот ластар, доаѓа од окцата (пупките) кои започнале да се развиваат во најтоплиот дел од изминатата година, така што првите гроздови се развиле на најниските колена.

Познато е дека основниот распоред на гроздовите и витиката по колениците е 1-1-0-1-1-0. Со други зборови, на две последователни колена се наоѓа или грозд или витика, додека на коленото над нив нема ни витика, ни грозд. Истиот распоред, продолжува во должина на сите младежи на виновата лоза. Затоа, сосема е нормално, најнискиот грозд, да биде и најголем, затоа што неговиот зачеток започнал да се формира најрано. На следното колено се наоѓа малку помал грозд, а на коленото над него нема ниту витика, ни грозд.

Во нормална година, на следното колено се наоѓа трет грозд, кој е доста помал од пониско поставените два грозда, а доколку претходела силно топла и сончева година, може да се појави и четврт грозд или негов зачеток, како витика со неколку мали бобици. Доколку претходела ладна и врнежлива година, или сме направиле грешки во агротехниката и ампелотехниката, најчесто наоѓаме само два грозда по младица или понекогаш и слаби зачетоци на третиот грозд.

Share Button