fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Од студентски сон до реалност, масло од македонски маслинки

Маја и Никола се дипломирани ликовни педагози-вајари и иако ниту тие, ниту нивните семејства немале допирни точки со земјоделието, тие двајца се занимаваат и со одгледување на маслинки, бадеми и јапонски јаболка, а произведуваат и ладно цедено маслиново масло од сопствените маслинови насади

За маслиновото масло на Маја Крстева и нејзиниот сопруг Никола Дрнев слушнавме од луѓето кои имале можност да го пробаат, па иако ние досега не сме го пробале, веруваме дека заслужуваат внимание и само заради тоа што се веројатно единствените кои произведуваат ладно цедено масло од македонски маслинки.

Оние кои имале шанса да го пробаат велат дека е божествено, со интензивен мирис и вкус и изглед како течно злато.

„Идејата за ова е на Никола, од студентските денови, само чекавме поволен момент за да почнеме. Тој ги засади првите стебла во 2013. година. Маслиновите насади се наоѓаат во валандовското село Пирава. Во 2012. година се насадени 150 маслинови дрва, а новиот насад е со 100 маслинови дрва и ќе влезе во родност за две до три години“, ни раскажа Маја.

Повеќе за ова на порталот „АРТ КУЈНА“.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close