Од трговија со тутун скопјанец вадел бруто плата од 195 илјади евра
Во областа на аграрот највисокиот доход (пријавен од скопјанец) произлегува од продажбата на земјоделски производи. Се работи за износ од речиси 307 илјади евра/18,9 милиони денари.
Најголемите приходи и плати се заработуваат во Скопје. Оттаму, на првите позиции, и според бруто-доходот и по бруто-плата се двајца жители на главниот град. Едниот пријавил 446 милиони денари годишен доход пред оданочување, или речиси 7,3 милиони евра. Приливи од повеќе извори. Другиот, бруто-плата од 144 милиони денари, односно приближно 2,4 милиони евра, заработени во дејноста трговија на големо со производи од тутун. Месечната плата му била во износ од 12.000.000 денари, што е противвредност на 195 илјади евра. Податоците ги презентираше директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, на годишната прес-конференција за оданочените приходи остварени во текот на минатата година.
Десетте највисоки лични примања се на вработени или сопственици на винарии, болници, во областа на компјутерското програмирање и во индустријата на метални производи.
Најголемото лично примање за извршена работа е пријавено од скопјанец – 280,6 милиони денари/4,6 милиони евра на годишно ниво. Доходот е остварен во странство.
Од самостојно вршење дејност, пак, највисокиот пријавен износ на доход е од над еден милион евра – 61,9 милиони денари, исто така од жител на Скопје.
Инаку, во овој сегмант на самостојно вршење дејност, во десетте најдоходовни се вброени адвокати, нотари, угостители, одгледувачи на жито и мешункасти растенија, како и од производство на амбалажи од хартија.
Во областа на аграрот највисокиот доход (пријавен од скопјанец) произлегува од продажбата на земјоделски производи. Се работи за износ од речиси 307 илјади евра/18,9 милиони денари.
Како што информираше Лукаревска, највисоката капитална добивка минатата година изнесувала 173,4 милиони денари/2,8 милиони евра. Пријавена од граѓанин на Скопје кој продал удел во трговско друштво од дејноста производство на филмови, видео-филмови и телевизиска програма.