вести

Одблокирана исплатата на земјоделските субвенции

sobranie

Собранието попладнево ги донесе дополнувањата на Законот за земјоделство и рурален развој со кои се предвидува одлагање на законската обврска со која еден од условите за добивање на субвенциите беше земјоделците да немаат долгови кон Управата за јавни приходи.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, образложувајќи го законското решение, истакна дека со ваквата обврска се кочи исплатата на субвенциите за земјоделците.

– Станува збор за две одвоени законски постапки – едната за прибирање на даноци по разни основи од страна на УЈП, а другата за добивање на субвенции за земјоделците. Оваа законска обврска ја кочи исплатата на субвенциите и за Владата е нелогично да постои ваква обврска. Затоа сметаме дека сега треба да се направи одлагање на оваа одредба, а во иднина размислуваме за системско решение коешто нема да претставува пречка земјоделците да ги добиваат субвенциите, појасни министерот Николовски.


 

бриф.мк

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close