fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Владата ќе одлучува дали да ја прифати или не цената по која ЕСМ ќе ја продава струјата

Енергетските компании ги прават последните пресметки колкаво зголемување на цената на струјата ќе бараат

Според информациите тоа најверојатно ќе биде за 10%. ЕСМ не открива, но она што е познато според информациите е дека на владина седница, која ќе се одржи на 30ти месецов, сигурно ќе понуди повисока цена. Владата потоа ќе треба да пресече, дали ќе ја прифати.. Инаку ЕСМ во крајната цена за домаќинствата учествува со над 30%, по што од нив и најмногу ќе зависи какви сметки ќе плаќаме од јануари.

Цената на ЕСМ ја чека и ЕВН, бидејќи барањето на ЕВН ќе зависат токму од нив. Досега ЕСМ не понудија никаква цена за Универзалниот снабдувач па два тендера пропаднаа. Ккрајниот рок кога треба да се јават на тендер е до крајот на годината. Досега ЕСМ на ЕВН Хоум ја продаваше струјата по 36 евра за мегават час.

Од МЕПСО пак за Канал 5 потврдуваат дека зголемување сигурно ќе има, поради цените на светските берзи, но за колку – првични сознанија би имале во декември. Тогаш МЕПСО ќе го распише тендерот за техничките загуби во мрежата, и по која цена ќе ја набави струјата ќе зависи и колкаво поскапување ќе бара. Сепак МЕПСО во крајната цена учествува со 4%.

Поради намалено домашно производство земјава западна во енергетска криза, загубите се надополнуваа со влечење струја од меѓународни мрежи често и без најава, што само за еден месец тоа ја чини државата 16,5 милиони евра.

А, вчера паднаа првите разрешувања во РЕК Битола и РЕК Осломеј, а ЕСМ најави дека ќе следат и нови.https://kanal5.com.mk/vladata-kje-odluchuva-dali-da-ja-prifati-ili-ne-cenata-po-koja-esm-kje-ja-prodava-strujata/a504976

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close