fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Одгледувачите на овци си ги бараат субвенциите и формираа ново здружение „Современ сточар”, претседател е Боби Бошевски

Бошевски - си ги бараме субвенции и повисока откупна цена на јагнето

Поради незадоволството на голем дел од сточарите од работата на претставниците на Сојузот на сточари, кои договорија штетни мерки за сточарите и се помалото присуство помеѓу членството, резултираше со формирење на ново здружение кое во иднина ќе ги застапува интересите на сточарите.

Новото Здружението на сточари е насловено „Современ сточар” а за претседател е избран Боби Бошевски. Ова здружение ќе биде застапник на сточарите од поголем дел од државата.

По секојдневната комуникација на терен со сточарите, нашето здружението донесе одлука да се огласи до Министерството за земјоделие за неисплатените субвенции, за откупната цена на јагнето која е енормно ниска и последиците кои настанаа поради болеста Син јазик.

И покрај сите обиди на сточарите да стапат во контакт со Министерството за земјоделие, да остварат лична средба, и покрај тоа што беа писмено известени дека ние сточарите не го поддржуваме Сојузот на сточари, до денес не се остварени ни телефонски контакт ни средба со надлежните од МЗШВ.

Доколку Сојузот на сточари има доблест и почит кон сточарите, го молиме да не преговара во име на  сточарите без консултација со нашето членството кои не го поддржуваат, затоа што се носат штетни мерки за сточарството.

Го молиме Министерствотото за земјоделие да ја препознае вистинската страна и еднаш засекогаш да се разговара со оние кои што работат, произведуваат и чуваат стока.

Со почит Здружение „Соверемен сточар“ – претседател Боби Бошевски.

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close