Ќе се формира АГРОБИЗНИС зона

(Oвој напис е објавен на: February 25, 2017)

Во државава ќе се формира интегрирана земјоделска зона во која на едно место и на доброволна база ќе бидат застапени и складишните центри, трговците и компаниите, како и други претставници на синџирот на набавки на свежи и преработени земјоделски производи.

Planned_investments_of_MK_Agrar
Како што изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, станува збор за нов проект: „Агробизнис-зона Македонија“ со кој ќе се овозможи собирање на свежото земјоделско производство и негова дистрибуција кон крајните потрошувачи во и надвор од државата.

„Главни бизнис-активности на зоната ќе бидат калибрирање, пакување и разладување, определување на берзанска цена, утовар, дистрибуција и купопродажба. Со тоа ќе се намали бројот на учесници во синџирот на набавки и ќе се овозможи поповолна цена за земјоделските производи“, рече Груевски. Тој додаде дека можноста за договарање и за рушење на цените ќе се сведе на минимум, бидејќи конкуренцијата ќе биде голема и концентрирана на едно место.