вестиМакедонијаТоп вести

 Производителите на ореви формираат здружение,,Чендлер Македонија”

Целта на здружувањето на сите производители на ореви со латерални сорти е да си помагаат во осознавањето на сите агротехнички мерки како и заедно да настапуваат пред институциите.

Одгледувањето ореви во земјава не е нешто ново. Оревите на ова поднебје се среќаваат од многу одамна, но досега најчесто оревите биле поединечни дрва на некоја меѓа од нивата или неколку такви дрва раштркани на поголема површина. Често од ваквите дрва земјоделците знаеле да соберат доста орев кој што во одредени случаи достигнувал и до двесте килограми но ова според професорите по овоштарство не треба да ве залажува и да ви дава лажна слика бидејќи сосема е различно кога се подига интензивен насад за производство на ореви.

Секогаш треба да се гледа на тоа дали оревот го дава тој род секоја година, колкава површина зафаќа тоа дрво и колку е старо па дури потоа да се носи заклучок. Она што е новина во земјите од регионот па и кај нас е одгледувањето на така наречените латерални сорти на орев односно за разлика од старите сорти на ореви кои ги има насекаде низ земјава кои се терминални и имаат род само на врвовите на гранките овие нови сорти меѓу кои најпознат е оревот Чендлер имаат род по целата должина на гранката и се по единица површина доста родни а со тоа и високо доходовни. Чендлерот е американска сорта која е многу застапена во Турција па затоа уште кај нас е позната и како турска сорта на ореви за да има високи приноси си има свои агротехнички и помотехнички барања и специфики кои не се познати во нашата земја бидејќи немаме традиција на одгледување на ваквите насади. Оние кои меѓу првите ги осознаа предностите на одгледувањето поттикнати од информациите дека Чендлер уште во првата година дава плод, од трета веќе раѓа и петта година носи заработка, и веќе подигнаа насади се првите кои се соочија со доста отворени прашања за кои им требаше помош од научен аспект како да се решаваат проблемите.

Токму од ваквите средби и контакти и дојде идејата за иницијатива за формирање здружение на одгледувачи на ореви,, Чендлер Македонија”. Дојдени од речиси сите производни региони во земјава на факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје, под сите здравствени протоколи се собраа производителите на ореви Ченделер. Целта да заеднички да настапуваат на пазарот и пред институциите заради што иницираа формирање на здружение кое понатаму би прераснало во една или неколку задруги. Сите дискутанти особено благодарни беа на професорот Тошо Арсов од катедрата за овоштарство кој постојано е на терен на насадите под Чендлер со директни совети за тоа како да се решат одредени проблеми но и со совети за сите оние кои допрва сакаат да подигнат насади под новите латерални сорти на ореви кои имаат високи приноси но имаат и свои барања за тоа да го остварат. Преку здружението ќе се организираат, со професорот кој со својата стручност ги обединува, посети директно на насади и таму ќе се држат практични обуки за сите потребни агротехнички мерки во различните фази од развојот на оревите.

-Идејата и иницијативата за вакво здружување потекнува од самите производители. Први беа Кумановските производители со кои имавме доста средби за да се решаваат проблемите на насадите и да ги изведеме на прав пат кои сакаа да формираат свое кумановско здружение но барања имаше и за предавања стручни и во битолско за на крајот да дојдеме до иницијатива за здружение кое ќе биде на ниво на целата држава а понатаму ќе има свои разграноци и како крајно од тоа треба да произлезат и една или неколку задруги за што се чека донесувањето на новиот закон наскоро. На овој начин науката ќе може поорганизирано да врши пренос на знаење на сите новини кои треба да ги знаат од аспект на подигање на насади, заштита, избор на садници, избор на локација, начин на подигање и одржување, посебниот начин на резидба на родните дрва во однос на опрашувачите и слични секојдневни прашања кои се многу важни за на крајот да се добие постојан, стабилен и оптимален род од една единица производна површина, рече Професор доктор Тошо Арсов од факултетот за земјоделски науки и храна од Скопје.

Значајна улога во здружувањето има и факултетот за земјоделски науки и храна преку своето опитно поле во Лисиче кое во иднина ќе биде центарот на научната поддршка на сите производители за пренос на практични знаења но и за сигурна набавка на квалитетен саден материјал.

-Ние веќе три години имаме одлична соработка со колегите од Турција каде вршиме и наша обука но и го следиме посадочниот материјал за кој понатаму треба да гарантираме за неговиот квалитет. Во ова здружение има производители со 20 дрвца па се до 15 хектари но има и потенцијални производители кои ќе бидат дел од ова здружение каде ќе ги добијат сите информации пред да го подигнат насадот и на тој начин ќе си обезбедат сигурен старт без поголеми проблеми. Во тимот кој помага околу сите потребни работи вклучена е и педолошката лабораторија на факултетот како и претставници од агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството кои ќе им помагаат околу апликациите за субвенции и за ИПАРД фондовите. Вака здружени полесно ќе настапуваат на пазарот, ќе имаат полесен пристап до научните сознанија и обуки, ќе се организираат за машини за собирање на ореви и ќе можат поорганизирано да се застапуваат пред иснтитуциите, рече Лидија Бурназова од опитно поле Лисиче.

Еден од посериозните производители присутен на иницијативата за формирањето на здружението Чендлер Македонија е Гоце Ѓорѓијовски кој засега има 3 хектари а во подготовка е за подигање на уште 12 хектари под оваа сорта на ореви под директна контрола на професорот Арсов за сето да биде како школски пример како треба да изгледа еден насад.

-Јас на сите што ме прашуваат дали да започнат отворено им кажувам дека потребни се три клучни фактори за да успеат на крај а тоа се психички, физички и финансиски да бидат подготвени да го издржат периодот додека да почнат насадите да станат профитабилни. Според информациите од земјите кои се понапред од нас тоа реално би можело да се очекува по осма до десетта година заедно со подготовката на површината. Тоа е како да имаш 1000 бебиња и на секое посебно треба му посветиш внимание за да го пораснеш, рече Гоце Ѓорѓијовски.

Здружението е во фаза на формирање и е отворено за сите кои имаат вакви ореви а особено за оние кои сакаат да подигнат на кои и најмногу ќе им биде од корист ваквиот начин на здружување.

З.Б.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close