fbpx
ВестиСовети

Одгледување на капини

kapini

 

Стопанско значење на одгледувањето на капини
Капината како овошна култура има големо стопанско значење особено во повисоките региони до 700 метри надморска висина, каде што има повеќе од 800 мм врнежи годишни или пак постојат услови за наводнување.

Посебното значење на одгледувањето на оваа врста на овошки го детерминираат следните фактори:
– Голема употребна вредност на плодот
– Рентабилноста на производството и
– Придонесот за дополнително вработување
Употребна вредност на плодот
Капината се употребува како храна во свежа состојба, лек и суровина за преработка. Плодовите на капината поседуваат уникатни хранливи и лековити својства, па заради тие особини спаѓаат во доста барано и ценето овошје. Во лековити намени се употребуваат плодот и листот. Големата лековита вредност на капината е производ на специфичниот хемиски состав, а особено високата содржина на витамини, минерални материи и поедини микроелементи (посебно Ca, Mg, Fe)

Рентабилност на производството

Од аспект на квалитетот на економиката во производството на капини, особено се значајни следниве фактори:
– Капината стапува во род веќе во втората година (а во третата дава полн род)
– Вложените средства значително побрзо се враќаат во однос на повеќе овошни видови со исклучок на малини и јагоди
-Раѓа редовно и богато
– Добро се прилагодува на различни услови на одгледување, а бидејќи касно цвета доцните пролетни мразеви не и наштетуваат
– Поотпорна е на болести и штетници во однос на малината
– Е добро медоносно растение

Допринос за дополнително вработување

Капината е трудово интензивна култура. Потребите од работна сила се релативно големи во сите фази на процесот на производство, а посебно во фазата на берба каде што се вклучуваат и категории од селското и градско население, кои по правило претставуваат издржувано население ( деца, ученици, студенти, домаќинки, а и постари лица).
Покрај неспорно големото стопанско значење на производството на капини, треба да се имаат во предвид и одредени проблеми кои можат да се појават, како на пример отежнат пласман на производите во изразито родни години и падот на цената, големата осетливост на свежите плодови на неадекватен транспорт и др.

Агроеколошки услови за одгледување на капини

За да се даде што пореална оценка за квалитетот на природните фактори за производство на капини на одреден локалитет, потребно е да се одговори на тоа кои се барањата на капината во поглед на природните услови. Питомите култивирани сорти капини за разлика од дивите, зависно од потеклото, особеностите на сортата технологијата на одгледувањето имаат поголеми барања во однос на природните услови.

Односот на капините спрема климата

За одгледување на култивираните сорти капини најмногу одговараат умерено топли и умерено влажни подрачја. Од климатските фактори најголемо значење имаат, светлината, топлината (температурата), водата, односно влажноста – почвена и воздушна, ветерот, снегот. Успешен раст и развој на растенијата овозможува хармоничното делување на сите овие фактори на надворешната среднина, но улогата на секој од нив е специфична и конкретна.

Светлина

Светлината е значаен фактор за раст, развој, родност и квалитет на плодот на капината. Таа е единствен извор на енергија за процесот на фотосинтеза, чиј резултат е создавањето на органска материја. Од интензитетот на светлината зависи температурата, транспирацијата на листовите, цврстината и правилниот раст на изданоците, формирањето на вегетативни и генеративни органи отпорни на ниски температури, болести и штетници.
Поради недостиг на светлина, изданците на капината се издолжуваат во висина, образуваат долги танки гранчиња, листовите привремено опаѓаат и доаѓа до оголување на долните делови на изданоците, се суши голем дел на заврзани плодови се намалува бројот и масата на плодовите и се влошува вкусот и биохемискиот состав на истите.
Затоа, за одгледување на капини треба да се избегнуваат локации во тесни долини и котлини, како и во непосредна близина на високи шуми. Светлосниот режим може да се подобри со правилен избор на местоположбата и системот на одгледување на капините.

Топлина

За сите животни процеси на растенијата, потребна е одредена температура на воздухот и земјата. Потребите за топлина се менуваат зависно од фазата на развој. Оптималните просечни дневни температури во вегетациониот период за култивираните сорти капини се движат од 18-25 степени Целзиусови. Недостигот на топлината во оптимални вредности, негативно влијае на отпорноста на растенијата, приносот и квалитетот на плодовите.
И во фаза на зимско мирување ниските температури често причинуваат штети на питомите сорти капини, најчесто ако во зимата влегле недоволно припремени поради присилно завршување на вегетацијата и ако има големи мразеви во време кога нема снежен покривач.

Влажност

Водата е основна состојка на ткивото на растението, вегетативните органи на капината содржат над 50% вода, а плодовите и повеќе 85%. Недостигот на вода има негативно влијание поради недоволно развиениот коренов систем, големата лисна маса и интензивниот раст на изданоците.
За нормален раст, развој и родност потребно е во насадите од капина во текот на вегетациониот период да има 75-80% земјишна влага и просечната релативна влажност на воздухот да биде исто така 75-80%. За одгледување на капини не се погодни подрачја кои во летните месеци имаат релативна влажност на воздухот под 65% и високи дневни температури.
Дефицитот на влага во насадите предизвикува повеќе негативни последици, образување на мал број на недоволно развиени изданоци, плодовите остануваат ситни и се смалува приносот и квалитетот.
Капината исто така не поднесува и вишок на влага во земјиштето, нивото на подземни води во фенофазите на раст и развој и зреење на плодовите би требало да биде најмногу до 90 см под површината на земјиштето.

Ветар

Има голема улога во регулирање на воздушниот режим, неговото влијание зависи од јачината, правецот зачестеноста, како и од физиолошката состојба на растенијата во моментот на појавата.
Благиот ветар го подобрува опрашувањето, го просушува превлажното земјиште, го успорува развојот на габните болести, ги подобрува условите за фотосинтеза и др.
При подигање на насади потребно е да се бираат такви местоположби, кои ќе бидат заштитени од доминантни и јаки ветрови.

Снег

Снежниот покривач во тек на зимскиот период има двојно корисна улога, го спречува замрзнувањето на полегнатите изданоци и кореновиот систем и обезбедува неопходни резерви на влага за вегетациониот период.

Земјиште

Капината спаѓа во култури кои имаат големи и специфични потреби кон земјиштето кое го обезбедува растението со хранливи материи, вода, кислород и јаглен диоксид. Од земјиштето растението и плодовите добиваат повеќе од 74 хемиски елементи од кои најзначајни се Азот, Фосфор, Калиум, како и Калциум, Магнезиум, Манган, Бакар, Цинк, Кобалт, Бор, Железо и др. таканаречени микроелементи кои се исто така неопходни, но во мали количини.
На култивираните сорти капини најмногу одговараат длабоки (околу 1,5 м.) растресити, добро пропустливи, средно тешки, плодни, умерено влажни, слабо кисели земјишта со поволен водно воздушен и топлотен режим.

Ортографски фактори и положба

Основните ортографски фактори (надморска висина, наклон на теренот, експозиција) имаат битно влијание на донесување на одлука за подигнување на комерцијални насади од капини,
За подигнување насади од капини не се погодни локации на кои се акумулира и подолго се задржува вода, тесни долини и местоположби кои се на удар на ладни суви и јаки ветрови, ако не се обезбедени со ветрозаштитни појаси, стрмни терени кои се подложни на ерозија.

Припрема на земјиштето за садење на капини

Основна цел на припремата на земјиштето при подигање на насад од капини е создавање на поволни услови за што подобро прифаќање, пораст, развој и плодоносење. Капината бара сеопфатна и квалитетна припрема на земјиштето за садење поради две основни причини и тоа: голем број на растенија по единица површина и насадот останува на иста површина 12-15 години, поради што евентуалните пропусти во припремата не можат лесно да се надополнат.

 

Припремата на земјиштето опфаќа

– Нивелирање и рамнење на теренот. Оваа мерка се спроведува ако е земјиштето нерамно, на поголеми површини се врши механизирано со соодветни булдожери и гредери. Се изведува пред длабокото орање.

– Уништување на повеќегодишни плевели. Во случај за подигнување на насад од капини да се користат многу заплевелени земјишт, потребно е во летото пред садењето плевелите да се уништат, бидејќи покасно тоа е потешко изводливо и поскапо. За оваа намена обично се користат хербициди, а кога е во прашање времето на третирање, правилно е во јуни или почеток на јули земјиштето плитко да се изора и да се третира со некој од тоталните хербициди, а месец дена по третирањето земјиштето повторно плитко се заорува.

– Длабоко орање. За подигнување на насад од капини, за разлика од дрвенестите овошки, не е потребно риголовање туку само длабоко орање на длабочина од 30-35 см на лесни и 40-50 см на тешки збиени земјишта. Ако се сади во есен, земјиштето треба да се изора во јули или август, а за пролетно садење оваа операција треба да се изврши наесен или преку зима.

– Непосредна припрема на земјиштето за садење. Оваа мерка опфаќа растурање на преостанатиот дел на минералното ѓубриво, вкрстено тањирање, браносување, а по потреба и фрезирање, рамнење, размерување и обележување на редовите и копање на бразди или јами за садење по потреба и дезинфекција на земјиштето. Еден од условите за успешно одгледување на капини е да насадот се подигне на здрава земја. Заради тоа, пред подигнувањето на насадот треба внимателно да се прегледа земјата и да се
ослободи од патогени и паразитски организми (Габи, Бактерии, Инсекти, Нематоди, Глодари).

Садење на капини

Време на садење

Во континенталните подрачја капината се сади наесен или рано напролет. Не треба да се изведува садењето кога температурата на воздухот е под нула степени целзиусови, ниту пак ако земјата е многу сува или превлажна и замрзната. Најдобро е садењето да се изврши по облачно време без ветар. На времето на садење на капината големо влијание имаат и биолошките особини на сортата. Вертикално растечките сорти со боцки кои се размножуваат со изданоци, по правило се садат наесен. Лазачките сорти кои се размножуваат со нагрнување и ожилување на врвовите на изданоците, се садат рано напролет.

Избор и припрема на садниците

Правилен избор и припрема на садниците е основен услов за успехот на садењето. За садење се користат само сортно чисти, здрави и зрели садници кои имаат добро развиен коренов систем.
Квалитетните садници на капини покрај наведените треба да ги исполнуваат и следните услови:

– Коренот на садницата на пресек да биде бел и свеж
– Жиличките да бидат долги околу 10 см и правилно распоредени
– Надземниот дел на садницата да биде долг најмалку 20 см
– Ожилената садница да има видлива вегетативна папка

Припремата на садниците за садење го опфаќа и следното:

– Детална контрола на кореновиот систем и надземниот дел на садницата од присуство на предизвикувачи на растителни болести и штетници, разни механички оштетувања, како и оштетувања предизвикани од ниски и високи температури (измрзнување и сушење)
-Отстранување на оштетените и суви жили до основата или до здраво место и нивно скратување на четвртина од должината
-Потопување на коренот од садницата во каша, која се прави од еден дел свежа говедска балега, два дела иловица и еден дел вода со цел да полесно се воспостави контакт на кореновиот систем со земјата.
Во пракса се прават следниве недозволиви грешки: садниците не се обезбедуваат од овластени производни насади и купените садници не се чуваат соодветно до садењето, долго се чуваат на отворено, изложени на сонце и ветар поради што доаѓа до сушење на ситните жилички. Заради тоа треба набавените садници веднаш прописно да се утрапат и така да се чуваат до садењето.

Начин на садење

Капината главно се сади рачно, во претходно ископани бразди канали или дупки во кои со маркери се обележани садните места. На дното на ископаната јама се става малку ситна земја помешана со 50 -100 грама минерално ѓубре, потоа се растура и затрпува неколку грама земјишен инсектицид со цел за сузбивање на земјишни инсекти. На вака припремено садно место, се поставува исто така припремената садница на длабочина на која изданоците или резниците биле во матичникот, кореновиот систем правилно се распоредува и се покрива со ситна земја, потоа се става 1-2 кг добро прегорено арско ѓубре и садното место до врв се затрпува со земја која се набива со раце или со газење со нозе.
После завршеното садење секоја садница треба добро да се залее со вода и околу неа да се додаде уште 100-150 грама NPK ѓубриво.


 

бриф.мк

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close