fbpx
ВестиТоп вести

Со здружување до подобра ефикасност на земјоделците

Гевгелија

ЗЗ „Петрушка река“ с. Миравци е формирана прему Македонската развојна фондација и втората фаза успешно ја помина. Првичната дејност на задругата е наводнувањето, за во третата фаза да инвестираат во ладилник, сушара и паковен центар што ќе им овозможи на земјоделците поголема цена и пласман на производството.

 

ЗЗ „Петрушка река“ од с. Миравци Гевгелија е релативно нова задруга што се формира според новиот закона за Земјоделски задруги во 2016 година. Станува збор за задруга која се занимава со наводнување, но со идеја својата дејност да ја прошири во интерес на земјоделците во тој крај. Со згаснување на водните заедници од Јужно Вардарската долина  (формирани од 2007 година) и нивното не функционирање, земјоделци од с. Миравци одлучија проблемот со наводнувањето да го решат со формирање на задруга.

Како што објаснува Лазар Боев за Зелена берза,  моментално задругата има 11члена и формирани се сите потребни тела за нејзино функционирање. Членовите се од три населени места и за сите случувања и евентуални проблеми одлучуваат и решаваат  членовите во задругата. Со наводнувањето од задругата опфатени се 570ха земјоделска површина од три населени места.

-Задругата е убаво прифатена, фактички членовите се од самите земјоделци. На целата површина има вкупно 300 хидранти. На секој хидрант има водомер со чија помош секој земјоделец знае каде и колку вода потрошил. Еден хидрант е за два ха и на тие два ха има повеќе површини на индивидуални земјоделци, и како што  си наводнуваат, си запишуваат колку потрошиле самите земјоделци. Корисниците плаќаат надомест  од метар кубен по  6,5 ден со се ДДВ, објаснува Лазар Боев директор на задругата. Добро  функционираме. Ова е најново и засега е многу успешно. Земјоделците се задоволни, добиваат наводнување кога сакаат и кога имаат потреба. Кога доаѓа до некој дефект на мрежата, се интервенира и се поправа во рок од 24 часа,  за разлика од периодот кога беа водните заедници  кога за  еден дефект се одеше Гевгелија, па Гевгелија порачува во Скопје, а  Скопје дали ќе одобри или не,  поминуваше 7-10 дена. За тој период културите ќе се исушеа и ќе немаше никакво производство.

Како што објаснува Боев системот користи вода од Петрушка река и од 5 – те бунари . Системот е снабден со компјутерска техника  кој сам се вклучува и исклучува, се регулира притисокот на водата така што земјоделците имаат 24 часа вода ,365 денови во годината, вода кога тие се слободни и кога на самото растение му е потребно.

Основна дејност на ЗЗ „Петрушка река“ е наводнувањето, но целта им е да се прошируваат и за други дејности. Најнова инвестиција им е тракторот Тафе што преку мерката 131 го набавија од Синпекс Битола. Преку Македонската развојна фондација во третата фаза од проектот што оваа фондација го спроведува, планираат да се снабдат со ладилник, сушара, магацински простор и паковен центар со што ќе им се помогне на земјоделците  околу пласманот, цените и продажбата на готовите производи. Се надеваат дека до месец мај проектот ќе биде реализиран. Во ЗЗ „Петрушка река“ сметаат дека ваквиот начин на здружување на земјоделците е добар и дека потребно е да се направи децентрализација и во земјоделството. Да не биде се сконцентрирано во Скопје и да може да дојдат до израз и на површина да излезат вистинските земјоделци.

П.Јовановска

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close