вестиСоветиТоп вести

Одгледување на јагоди

Една од порентабилните и поисплатливи култури за одгледување

Јагодата е култура која најдобро успева и плодоноси на умерено длабоки,
структурни, плодни и песокливо пропусливи почви, кои содржат што повеќе органски
материи, а киселоста на почвата треба да изнесува од 6.0 – 6,5 pH. Таа бара
површини кои се изложени на сонце и имаат добро проветрување за да се избегнат
габните заболувања. Во однос на еколошките услови, кај нас ниските зимски
температури во текот на зимата многу ретко нанесуват штети на јагодата, бидејки во
овој период можно е да има и снежна покривка која ги штити растенијата.

Јагодата е култура која издржува температура од околу -15 степени. Кај нас, во наши услови
многу почесто штети прават доцните пролетни мразеви, кога јагодата веќе цвета или
има заврзани плодови, а температурата падне испод -1.5 до -1.7 C
0 . Но сепак, ова воголема мера зависи и од сортата.

Садење на јагодата

Јагодата е култура која брзо и лесно се размножува. Се сади скоро цела
година, но во зависност од тоа кога ќе имаме добар, квалитетен и здрав саден
материјал. Најпогоден период за садење е од втората половина на јули, па се до
крајот на ноември, но уште подобро е ако садењето се изврши во текот на месец
август и првата половина на септември. Растојанието во редот и меѓу редовите зависи
од бујноста на сортата и начинот на кој се одгледува. Припремата на површината се
врши на длабочина од 30-40 см.бидејки јагодата има плиток коренов систем.

Неопходно и важно е пред садењето да се направи агрохемиска анализа на
почвата за да се види pH вредноста и содржината на основните елементи: азот,
фосфор и калиум, па потоа да се одреди која комбинација и количина на минерални
ѓубрива треба да се стави на одредена површина. Доколку содржината на хумус во
почвата е низок, тогаш потребно и важно е површината да се наѓубри со добро
прегорено говедско или свинско арско ѓубриво и тоа, околу 20 – 40 тони /ха.

Откако ќе се почне со садењето, треба да се планира како ќе се постават
редовите, или најдобро е тие да се постават во правец север – југ за да се обезбеди
максимална изложеност на сонце и добро проветрување, со цел да се избегнат
повекето габни заболувања. За добро и успешно производство од голема важност е да
се користи што подобар, квалитетен саден материјал. Пожелно е пред самото садење,
коренот од садницата да се потопи барем неколку часа во вода. Исто така пред
садењето, на површината, потребно е да се стави земјишен исектицид, за да не дојде
до проблем одма по садењето садниците да бидат нападнати од совици или жичнаци.
Затоа потребно е да се проверува почесто. Од голема важност е пред садењето
садниците да бидат потопени во раствор од фунгицид, за да се заштитат од
Phytophtorа spp. За тaa намена има повеке препарати кои се користат.Најчесто се
користат Превикур или Акробат. Садниците се потопуваат десет минути во растворот,
а потоа се вадат и се пристапува кон садење.

Во однос на сортите, постојат еднородни сорти, кај кои што со берба се почнува
во месец мај и трае до крајот на месец јуни и сталнородни сорти. Цената на јагодите е
доста добра и тоа е една од причината за одгледување на оваа култура. Ако се оди и
со погусто садење, сепак со примена на добра и навремена технологија се добиваат
поголеми приноси и приходи. Технологијата на одгледување на јагодата како култура
на отворено, или под пластеници е скоро иста. Во последните години се повеќе се
применува пластеничкото производство. Тоа е поинтензивно, посигурно и по
профитабилно со што приносот е поголем. Се избегнуваат касните пролетни мразеви
кои што ги уништуваат токму првите цветови, а тоа се првите плодови кои треба да
стасаат за берба најрано. Со овој начин на одгледување имаме можност да ги
контролираме климатските услови во однос на влажност и топлина, плодовите се
многу по квалитетни, но и производството стасува порано, кога цената е повисока и
приходот е поголем. Но пластеничкото производство си бара повеке залагање и
поголема инвестиција.

Бактериска дамкавост Пепелница на јагодата

Јагодата е осетлива на многу болести и штетници, но пвеќето од нив може да
се контролираат или да се намалат со добра и соодветна нега на насадот. Со
одржувањето во добра здравствена состојба на садниците и добрата снабденост со
вода, проветрувањето и заштитата од плевели, се постигнува ефект кој што
допринесува до намалување на болестите и штетниците. Јагодата ја напаѓаат повеќе
болести во есен, но најопасни се: белата дамкавост, бактериската дамкавост и
пепелницата. Во пракса најчесто се применува превентивно прскање, кое започнува
20-25 дена после садењето. За дамкавост се користат повеке препарати меѓу кои и
Коциде во количина 25 гр во 10 лит.вода и некои од препаратите за пепелница како
што се топас, тилт или трапез во количина од 4мл на 10 лит.вода или некои други
препарати соодветни за овие болести во растојание од десетина дена. Во есенскиот
период потребно е да се извршат 3-4 третирања.

дип.инж.агр.Катерина Колева

АПРЗ
Струмица

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close