fbpx
ВестиСовети

Одгледување на телиња

telinja

Неколку важни точки:

  • Новородените телиња чувајте ги на чисто, суво место одделно од другите крави.

  • Молзете ги кравите одма после отелувањето и хранете ги телињата со 1-1.5 л колострум одма после раѓањето.

  • Хранете ги со колку што можете повеќе колострум во првите 1-3 после раѓањето (3-4 пати дневно со 1-1.5 л) така да телињата добијат колку што може повеќе антибиотик.

  • Од 3 до 7 ден: наутро и навечер 1.5 литри млеко од кравата.

  • Ако ги храните со кравјо млеко: хранете ги со максимум 4 литри млеко дневно за период од 2 месеци

Почнете да ги храните со концентрат од втората недела па натаму

Зголемвајте ја количината на концентрат пополека до 1 кг /дневно до одлачување

  • Ако ги храните со замена за млеко: хранете ги максимум со 5 литри дневно за период од 2 месеци.

Почнете да ги храните со концентрат од втората недела па натаму

Зголемете ја количината на концентрат пополека до 1 кг /дневно до одлачувањето.

  • Добро исчистете ги кофите за исхрана за да го избегнете проливот.

  • Квалитетно сено и чиста вода треба да бидат присутни од втората недела после раѓањето.

  • После одлачувањето: хранете ги со квалитетна храна (луцеркино сено и пченкина силажа) и зголемете го концентратот до 2 кг дневно на возраст од 3- 4 месеци.

  • Чувајте ги младите телиња (до 1 година) одделно од матичното стадо на место со добра вентилација.

Советник во АПРЗ Петар Трајковски

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close