fbpx
ВестиТоп вести

Врнежите добредојдени за пролетните култури

Циклонот кој ја зафати Републиката кон средината на изминатата седмица донесе врнежи од дожд над 10 л/м2 скоро на сите места со исклучок на јужните делови и Овче поле каде истите беа пониски. Најмногу наврна во Крива Паланка и Виница со 33 односно 28 л/м2, на останатите места од 10-23 л/м2.

Ваквите врнежи во овој период од годината после еден период со високи дневни температури беше повеќе од добредојден особено за пролетните окопни култури, градинарските култури, тутунот и сл.

Врнежите кои на места беа пропратени и со силен ветер и невреме, ја прекинаа жетвата на есенските култури се до повторната стабилизација која се очекува во текот на наредната седмица, но со пониски дневни температури, кои нема да ја помината скалата од 30 оС, што ќе значи и освежување на културите, особено овошките и виновата лоза, но едновремено ќе ги одложи наводнувањата кои се јавија како неопходно потребни за одржување на родот, велат од УХМР.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close