fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Професорката Сековска-Земјоделскиот сектор е жртва на партизација и распродажба

Тотална распродажба на се што е државен имот, со цел задоволување на апетитите на олигархијата, блиска до владеачките елити во дадениот момент.

Благица Сековска е Проф. на катедрата за Рурална економија при Факултет за ветеринарна медицина и активист за зачувување на животната средина. Таа  одговара на клучните прашања околу  земјоделството, актуелните фотоволтаици кои се почесто се градат на земјоделските површини низ Македонија и последиците од истите.

-За жал, во Македонија отсуствува конзистентна аграрна политика и долгорочна стратегија во земјоделството, бидејќи и овој сектор е жртва на партизација и носење на ад хок решенија во интерес на добивање ситни политички поени. Исто така, тука е и трендот на тотална распродажба на се што е државен имот, со цел задоволување на апетитите на олигархијата, блиска до владеачките елити во
дадениот момент. Сето тоа се прави без план и програма, а уште помалку без визија за иднината на државата. Земјоделството не е исклучок од таквиот “каубојски“ пристап на општа распродажба, а сето тоа е на штета на граѓаните, а особено на штета на идните генерации, вели Сековска.

Во Македонија постои педолошка карта на почвата, изработена од соодветни институции, но како што вели Сековска-се сомневам дека властодршците ги носат своите одлуки врз основа на податоците од таа карта.

-Земјоделското земјиште, особено она со висок бонитет (од прва до четврта класа) не би смеело да се пренаменува во градежно во никој случај. Дури и она кое што е со понизок бонитет, но е рамно, како во случај на Овчеполието, и има пристап до вода не би смеело да се пренаменува, бидејќи со соодветни агротехнички мерки може да се подобри квалитетот на почвата, вели таа.

Зошто квалитетните обработливи површини се претвораат во градежни?, Сековска вели дека во Македонија во изминатите 30 години се случи тотално осиромашување на граѓаните и ненормално богатење на неколкумина. Последователните влади составени во најголем број од комбинација на трите партии ДУИ, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ не доведоа во ситуација да сме меѓу најсиромашните три држави во Европа. Исто така и корупција го зема својот данок (факт е дека во сите овие години сме во топ три земји во Европа според нивото на корупција). Да не говориме пак за тоа што теренот кај нас е пред се ридско-планински со исклучок на котлините, а во неколку големи региони на места кај што би очекувале да имаме земјоделско земиште имаме ерозија на почвата (пак како резултат на негрижа и нестратешки пристап). Значи имаме малку расположиво земјоделско земјиште од прва категорија споредено со некои други земји. Сите овие факти, делуваат многу загрижувачки и создаваат страв за иднината, вели професорката .

Целото интервју на следниот линк antropol.mk

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close