fbpx
ВестиСовети

ОДГЛЕДУВАЊЕ ПРОЛЕТНА ГРАОРИЦА

graorica

Услови за одгледување : Граорицата е едногодишно фуражно растение кое се одгледува за исхрана на добитокот. Граорицата никне на температура од 1 °С,а може да издржи голомразица и до  -10 do -15°С.  Грорицата бара доста влага и најдобро успева на чернозем,гањачи,смолници алувијални почви а послабо се развива на песокливи почви.

Агротехника на пролетна граорица:

Плодоред : Во плодоредот најчесто се одгледува после пченицата зашто во тој случај има доволно време почвата да се припреми. Не се препорачува да се одгледува  2 години едно по друго туку пожелно е да се направи пауза од 3-4 години.

Обработка на почвата : За основната обработка на ппочвата пожелно е во почвата да има доволно влага и најдобро е основното орање да се изврши од есен на длабочина од 25 см. Предсеидбената обработка се врши плитко при што почвата треба да биде добро иситнета и изравнета, зашто семето е ситно. Најдобра примена се постигнува со сеидбоспремач.

Ѓубрење : Арското ѓубриво најдобро е да биде внесеносо претходната култура. Од минералните ѓубрива граорицата користи NPK (15:15:15) 250 kg/ha, така што  2/3 од ѓубривото се нанесува со длабокото орање а другиот дел 1/3 се употребува 2 недели пред сеидбата со пролетната обработка на почвата.

Сеидба : Граорицата најчесто се сее во смеса односно има потреба од потпора зашто во спротивно полегнува. За пролетна граорица потребно е  100-120 kg/ha семе за сеидба во комбинација со 30-35 kg/ha семе од житна култура која служи за потпора а тоа може да биде рж,овес,јачмен. Пролетна граорица се сее во период 15.02 – 15.03 што зависи од влажноста на почвата и топлината.. Се сее густо најчесто на растојание 14-16 см меѓу редовите. Обично граорицата се сее надолжно а потпорниот посев попоречно на редовите. Длабочината на сеидба е 3-4 см, на лесни почви подлабоко а на потешки поплитко. По сеидбата површината треба да се помине со валјак за семето побрзо да изрти и да никне. Граорицата брзо се развува и ги гуши плевелите така да  не се јавува некој поголем проблем со заштитата од плевели. Понекогаш се јавува потреба од наводнување на посевот во април месец.

Позната сорта пролетна граорица е БЕЛГРАД со следните карактеристики: стеблото е високо 100-120 см, нежно и најчесто полегнува и затоа се сее во смеса со овес или друга житна култура која ќе послужи како потпора. Оваа граорица е толерантна на болести, отпорна на доцни мразеви што овозможува рана сеидба. Приносите се   34-40 t/ha зелена крма, 6,2 t/ha сено и 2-2,5 t/ha семе.

Искористување. Граорицата најчесто се користи како зелена крма за исхрана на говеда,овци,свињи. Може да се силира особено смесата граорица со овес. За сено поретко се користи. Често може да се користи за напасување и тоа е најекономичен начин на користење зашто при тоа има најмали губитоци и трошоци. По напасувањето граорицата се регенерира па може да се обезбеди уште едно напасување.

Смесите со граорица најдолго може да се користат 10-12 дена зашто во спротивно стоката не би се хранела со крма кога потпорниот посев искласа и огруби, посебно кога за потпорен посев се користи рж.

Ако се припрема сено од сместа со граорица и овес или рж масата треба да се покоси штом потпорниот посев почне да класа ама не смее да процвета.

За силирање најдобро е посевот да се прибере кога граорицата има формирано доста мешунки а потпорниот посев уште не процветал. Тогаш во масата има околу 65% влага што одговара да се изврши процесот на силирање.

Приносите од граорица се следните : зелена крма 35-50 t/ha, сено 5-6 t/ha.

 

Советник во АПРЗ Петар Трајковски

 

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close