вестиТоп вести

Одлична заработка со одгледување Аронија

Аронијата е најголем антиоксиданс меѓу овошките, поднесува температури и до минус 47. Ја нарекуваат и сибирска боровница.

odlichna zarabotka so odgleduvanje aronija

 

Славонското сонце и годи на аронијата. Гранките се свиваат од тежина. Се е спремно за почеток на бербата.

„Зрела е . Се очекува принос од 2-3 килограми од жбун. Мислам дека тоа е идеално. Родот е одличен“, рекол Ивица Бркиќ од Слатинка Дренјско.

На најголемата славонска плантажа на аронија во Слатинка Дренјско не го кријат задоволството. „Производството е исплатливо. Ако хектар пченица ви е 4 до 8 илјади куни, а хектар аронија е некаде 100 илјади куни“, вели Дарко Балаш, шеф на продажба.

Може да правиме споредби и со другите култури кои успеваат во Славонија. Килограм сливи изнесува 3 куни. Килограм аронија 60 куни.

„Во седмата година кога роди најмногу, ќе дојдете до цифри од 12 тони по хектар, додава Балаш.

Еден дел оди за продажба, другиот за преработка.

Со оглед на тоа дека тоа е производ кој не можете долгорочно да го чувате, тогаш морате од него да направите нови производи. Ние правиме сокови, чаеви, прав, капсули, џемови“, раскажуваат сопственици на плантажите со аронија.

Нови производи. Додадена вредност. Славонската аронија е послатка и од конкуренцијата од север.

Полска исто така е меѓу водечките светски одгледувачи на аронија. Во Хрватска, покрај исплатливоста, плантажите на аронија уште не може да се избројат со прстите на една рака.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close