Одлуки за закуп на земјиште во ТИРЗ Скопје на 86. владина седница

Владата на денешната седница ќе ја разгледа нацрт – одлуката за определување на периодот на закуп на градежното земјиште во Технолошко индустриската развојна зона Скопје 1 и за висината на закупнината.

На дневен ред се и нацрт – договорот и одлуката за долготраен закуп на градежно земјиште со Друштво за производство, трговија и услуги Балканлар пластик производство ДОО увоз – извоз Скопје, како закупец на земјиште.

Министрите денеска ќе дебатираат и за информациите за потребата од подобрување на состојбата на општинската патна мрежа и за воведувањето заеднички контроли на надлежните органи на Република Македонија и на Република Албанија на патниот граничен премин Ќафасан – Кафтане или one -stop-shop.

На предлог на Министерството за финансии, Владата денеска ќе го разгледа предлог – законот за јавните набавки, а на предлог на Собранието на Република Македонија и предлог – законот за изменување и дополнување на законот за игрите на среќа и забавните игри.

На 86-тата седница Владата ќе дискутира и за предлог – програмата за изменување на програмата за превентивни мерки за спречување на туберкулозата кај населението во Република Македонија за 2018-та година.


 

sitel

Share Button