Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Интерпелацијата за министерот Цветан Трипуновски на 10 јуни пред пратениците

СДСМ го обвини Трипуновски за корупција

Интерпелацијата за работата на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски ќе се најде на пленарна седница на 10 јуни – информира на денешниот брифинг претседателот на Собранието, Африм Гаши. Интерпелацијата за Трипуновски во април годинава ја поднесе опозицискиот СДСМ, обвинувајќи го министерот за земјоделство за корупција, скандали и штетни политики во ресорот.

Интерпелациите ќе бидат ставени на дневен ред на седници како што е пропишано со Деловникот. Веќе за првата интерпелација, прва наредна седница ќе биде 10 јуни и токму на таа седница ќе биде разгледана интерпелацијата за министерот за земјоделство Цветан Трипуновски. Другите две интерпелации, првата за министерот Тошковски, денеска е доставена и ќе биде испратена до сите пратеници и истата ќе подлежи на тие рокови на Деловникот“,

рече собранискиот спикер Африм Гаши на денешниот брифинг.

Поврзани новости

Back to top button