вестиСоветиТоп вести

Одредување на зрелоста на грозјето

Кај виновата лоза разликуваме физиолошка и полна (технолошка) зрелост на грозјето.Физиолошки грозјето е зрело кога семката ќе го заврши својот развој и е способна да даде ново растение.Физиолошката зрелост на грозјето нема битно значење за берење на грозјето. Полната(технолошка) зрелост се утврдува врз основа на содржината на шеќерот и вкупните киселини во ширата за винските сорти и според надворешниот изглед и вкусот на грозјето за десертните сорти.

 

Полната зрелост на грозјето се утврдува кога од различни места на парцелата се зема средна проба на грозје и се испитува содржината на шеќерот и киселините во ширата. Кога ќе се утврди во две последователни мерења, содржината на шеќерот да не се зголемува а киселините не се намалуваат, тоа значи дека грозјето е во полна зрелост. Повеќе информации прочитајте на линкот.

Извор: АПРЗ

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close