Голем интерес кај младите земјоделци за помош од државата

(Oвој напис е објавен на: November 16, 2018)

Се зголемува интересот на младите земјоделци за добивање на помош од државата.

Вицепремиерот Кочо Анѓушев денеска во Струга на средбата на министри за земјоделство од Југоисточна Европа го наведе овој податок. Објасни дека сериозна сума е потрошена претходните години за субвенции, но бидејќи резултатите не се задоволителни, практиките мора да се менуваат.

 

„Лани мерката за млади земјоделци беше делумно искористена, а оваа година е целосно и имаме над 1000 апликации“, кажа Анѓушев.

Додава дека на земјоделците им требаат парцели, и механизација.

Министерот за земјоделство, Љупчо Николовски пак рече дека ќе вложуваат во развојни програми.

На средбата во Струга има министри за земјоделство од цел регион.


 

faktor

Share Button