fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Одри Хепберн – Решив, уште многу одамна, да го прифатам животот безусловно

Личности кои нè инспирираат, Хепберн легенда на филмското платно на сите времиња

Одри Хепберн (4 мај 1929 – 20 јануари 1993) – англиска глумица со белгиско потекло, добитничка на наградата „Оскар“, изведувачка на Бродвејбалерина, манекенка и хуманитарка.

Хепберн и покрај тоа што била многу скромна за своите актерски способности, таа се смета за една од најголемите легенди на филмското платно на сите времиња. Хепберн во светот е најпозната како актерка и модна икона на 20-от век, која со својот стил му дала ново значење на зборот гламур и поради тоа сè уште се наоѓа на интернационалната листа на најдобро облечени.

Израсната во АрнхемХоландија за време на нацистичката окупација врз оваа земја во текот на Втора светска војна, напорно тренирала балет пред сосема да се посвети на актерството. Таа била една од најпознатите глумици во Холивуд во текот на 1950-тите и 1960-тите, период во кој уште четири пати била номинирана за „Оскар“. Меѓу номинациите, особено се истакнува нејзината антологиска изведба на Холи Голајтли во филмот „Појадок кај Тифани“ од 1961 година. Во 1964 година, Хепберн ја играла Елајза Дулитл во филмот „Мојата убава дама“.

Од 1988 до нејзината смрт во 1993 година, Одри Хепберн била Амбасадор на Добрата волја при УНИЦЕФ и била наградена со Претседателскиот Медал на Слободата (највисокото признание што може да го добие еден граѓанин на САД) во чест на нејзината хуманитарна работа. Благодарна на својата среќна судбина, која ѝ овозможува да ја преживее германската окупација како дете, таа го посветила остатокот од својот живот на грижата за несреќните деца во сиромашните земји. Патувањата на Хепберн ѝ биле олеснети поради нејзиното познавање на повеќе јазици: зборувала францускииталијанскианглискихоландски/фламански и шпански јазик.

Во 1999 година, таа била прогласена за третата најголема глумица на сите времиња, според Американскиот Филмски Институт.

Покрај својата слава на големите екрани и во модната индустрија, многу луѓе долго ќе ја паметат и по нејзините незаборавни цитати. Таа на многу духовит и интересен начин совршено доловува секојдневни и несекојдневни ситуации од животот.

Моќни цитати на Одри Хепберн

„Запомнете, ако некогаш ви е потребна ‘дланка’ за помош, таа се наоѓа на крајот од вашата рака. Како што ќе стареете, не заборавајте дека имате уште една рака. Првата ви е за да си помогнете на себе, втората да им помогнете на другите“

„Мојот живот е многу повеќе од бајка. Имав и тешкотии, но секогаш кога ќе ги надминев, на крајот добивав награда“

„За прекрасни очи – гледајте го доброто кај другите, за прекрасни усни – зборувајте само добри зборови, а за достоинство – движете се знаејќи дека никогаш не сте сами“

„Решив, уште многу одамна, да го прифатам животот безусловно. Никогаш не очекував да направи нешто посебно за мене, но сепак постигнав многу повеќе отколку што се надевав. Скоро секогаш тоа се случуваше кога воопшто не барав“

„Обожавам луѓе кои ме смеат. Искрено, мислам дека смеењето е нешто што го сакам најмногу. Тоа лечи многу болести. Можеби тоа е најважното нешто кај човекот“

„Верувам дека може да се остане силен и во најтешките мигови. Верувам дека среќните девојки се најубави. Верувам дека утре е само уште еден ден и… Верувам во чуда“

 

„Јас бев среќна. Можностите не доаѓаат многу често. Затоа кога ќе дојдат, грабнете ги“

 

„Ако треба да бидам искрена, ќе ви кажам дека сè уште читам бајки. И ги сакам повеќе од сè останато“

 

„Сè што научив во животот – го научив од филмовите“

 

 

 

 

Слични написи

Back to top button
Close