fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаСоветиТоп вести

Одржана дводневна работилница- Културолошки разлики за заедништво и иновации

Проектот „Заедно“ во Битола

Здружението за истражување на пазарот на труд во функција на мултиетничката толеранција ПРОФИЦИО Скопје, во соработка со Здружение за регионална соработка „22 Нентори“ од Битола и Кластер за туризам од Крива Паланка и со финансиска поддршка од Европската унија, одржаа дводневна работилница во рамки на проектот „ЗАЕДНО“ на тема: Културолошки разлики за заедништво и иновации. Обучувачот и модератор на работилницата, Анета Блажевска – искусен новинар, дописник и уредник, низ креативен и инвентивен начин успеа да ги мотивира младите, активно да соработуваат, да учат за значењето на културно-историските објекти, да креираат вести за медиумска промоција, да препознаваат дезинформации, но и преку младински иницијативи да практикуваат иновативни форми на соработка помеѓу различни етнички заедници.

Посебно за одбележување е интересот на младите за ваков тип на работилници, затоа што покрај директно вклучените 20 учесници во проектот, бројката на млади луѓе кои покажаа интерес за ваков вид активности на оваа работилница се зголеми на 50. Соработката помеѓу овие креативци од различни националности на возраст од 15 до 25 години, овозможи нивно пошироко запознавање со конфликтите од поновата историја на државата, подалечното минато, но и ризиците од појава на недоразбирања во денешнината. Со својот ентузијазам, покажаа подготвеност за развивање соживот, заедништво, мултиетничка толеранција, но дадоа и свои мислења, идеи и предлози за подобар живот на младите независно од нивната националност, вера или културна разлика.

Младите како идни креатори на општеството и јавното мислење, заклучија дека само со меѓусебна трпеливост, почит на различностите, културата и традицијата, може да се придонесе кон градење доверба и промовирање на помирувањето, меѓуетничкиот дијалог и дијалогот околу минатото.

Дел од учесниците на работилницата низ колаж фотографии ја прикажаа мултикултурната страна на Битола, која дава многу можности за културна и туристичка промоција на градот.

Оваа работилница, следуваше после трите одржани онлајн сесии, на кои над 20 млади од Битола и Крива Паланка од различна националност се едуцираа за соживотот и мултиетничката толеранција, за изградба на инклузивно и хармонично општество.

Со ваквите активности, младите го унапредуваат знаењето за креативните стратегии за помирување , ненасилна комуникација, преговори и медијација, како и градењето лидерски вештини.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close