ВестиЛов и риболов
Одземени риби од угостителски објект во Охридско
Еден угостителски објект на охридското крајбрежје ќе биде казнет бидејќи не поседувал соодветна документација за рибите што ги продава.
Од Државниот инспекторат за земјоделство соопштуваат дека рибата е одземена, а против објектот ќе биде поведена соодветна постапка.
Неправилностите биле откриени при последниот вонреден надзор на вкупно 31 угостителски објект во Охрид и во Струга, при што биле прегледани околу 580 килограми различни видови риби.