fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Опаѓа домашното производство на пченица. Зошто дозволивме?

Веќе со години производството на пченица е околу 250.000 тони, а годишните потреби во Македонија налагаат околу 330.000 тони.

Македонското производство на пченица едвај преживува, се намалува од година на година, па принудени сме да увезуваме за да ги задоволиме основните потреби на населението на годишно ниво. Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека веќе со години производството е околу 250.000 тони, а годишните потреби во Македонија налагаат околу 330.000 тони. Производството се намалува и остатокот на пченица и на брашно се дополнува преку увоз.

Според статистичките податоци, во 2000 година се произвеле 300.000 тони, а во 2022 година – 224.632 тони. Најголемиот подем бил во 2004 година со 356.825 тони, додека, пак, во 2017 година има најголем пад во производството – 200.112 тони, при што разликата е 44 отсто, пренесува novamakedonija.com.mk
Кои се причините што никако не можеме да се вратиме на нивото од пред 10-15 години, да имаме производство над 300.000 тони, кои чекори треба да ги преземеме, дали Македонија има капацитет да се самопрехрани и што е потребно за солидни приноси се дел од темите за кои разговаравме со земјоделски експерти.
Според професорот на Факултетот за земјоделски науки и храна, Драги Димитриевски, производството на пченица го следи трендот на намалување на производството во најголемиот дел на потсекторите. И кај пченицата намалувањето е резултат на намалените површина на кои таа е застапена.
– Ако во 90-тите години на минатиот век под пченица сме засејувале над 100 илјади хектари, во последните години под пченица се засејуваат околу 70 илјади хектари. Ваквата состојба, проследена и со релативно ниските приноси по еден хектар, доведува до тоа да произведуваме недоволно пченица за потребите на домашната потрошувачка. Затоа се сериозни количествата што ги увезуваме. Ние годишно увезуваме повеќе од 100 илјади тони пченица и дополнително 40-50 илјади тони брашно. Ако се знае дека потребите се над 300 илјади тони, значи дека половината од она што е потребно за задоволување на пазарот се увезува – нагласува Димитриевски.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close