fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Опасната бактерија листерија се шири во саламите, Хрватите предупредени да внимаваат!

Листериозата е опасна по животот на луѓето

Поради опасни бактерии, во тек е општо повлекување на прехранбен производ. Конзум, КТЦ и Кауфланд го повлекуваат од пазарот сувомесниот производ Добро – Печеница кришки од 90гр со рок на траење од 03.08.2024 година, ЛОТ 24-00807 произведен од Жито од Осиек, објави Даница.хр.

Причина за повлекување на производот е присуството на бактеријата Листериа моноцитогенес која предизвикува листериоза и е опасна по животот на луѓето. Се очекува сите други трговски синџири да го повлечат спорниот производ. Меѓу инфекциите кои се пренесуваат преку храна, листериозата е најопасна бидејќи често завршува со смрт. Затоа, доколку сте го купиле овој производ, не го консумирајте!

Претходно од хрватскиот пазар беше повлечен сендвичот од 500 грама шунка со рок на траење до 31 мај годинава, исто поради бактеријата листерија! Стануваше збор за шунка од словенечкиот производител Цељске меснине д.o.o., лот број 1413100. Листеријата е опасна бидејќи често предизвикува инфекција на централниот нервен систем. Инфекцијата може да доведе до парализа на мозочните нерви и екстремитети, менингитис, енцефалитис (воспаление на мозокот), па дури и смрт. Се третира со специфични антибиотици.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close