fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Опрема за вакумирање подарок за земјоделското здружение „Поречка Матица“ од Самоков

Јапонската агенција за меѓународна соработка JICA преку соработката за поддршка на мали фармери која се реализира со Министерството за земјоделство и шумарство и водостопанство во соработка со Националната федерација на фармери се доделува опрема која ќе помогне на подобрување на условите за производство и економско јакнење на малите земјоделци.

Втората опрема е доделена за земјоделското здружение „Поречка Матица“ од Самоков , една од најсиромашните општини во државата со најмалку инвестиции и услуги за руралното население. Членовите на „Поречка Матица“ се занимаваат со производство на мед, сирење, собирање на шумски плодови, еколошко производство на зеленчук и овошје. На здружението се доделени дупликатор , вакумерка и машина за правење на професионални етикети.

На ваков начин земјоделците ќе можат да ги означуваат своите производи и професионално да ги вакумираат и да произведуваат слатко и сируп за пчелите. Средбата беше во просториите на здружението „Поречка Матица“, во Самоков каде што присуствуваше и претседателката на здружението Цана Џуковска, која истакна дека оваа е голема подршка за Самоков посебно во делот на економското обединување на руралното население за заедничко производство на земјоделски и сточарски производи. На средбата присуствуваа Ванчо Кироски, член на УО на НФФ, делегација на JICA, извршниот директор на НФФ, Стеван Орозовиќ и Живко Силјаноски, градоначалник на Македонски Брод.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close