Агро бизнисВестиТоп вести

Надничари од соседството и понатаму во судир со законот поради нелегален престој

Станува збор за таканаречени економски емигранти, најчесто од соседството, кои најмногу од април до октомври извршуваат градежни или земјоделски работи, претежно во селата

Ковид кризата не ја спречи појавата на луѓе од соседните земји да доаѓаат во тетовскиот регион од април до октомври кои во руралните области наоѓаат работа во градежништво или земјоделие. Од друга страна, најчесто тие доаѓаат без да го регулираат престојот и се соочуваат со законски последици. Според евиденцијата на СВР Тетово во изминатите пет месеци законски биле санкционирани 21 странски државјанин, од кои 15 од Република Албанија, пет од Република Косово и еден од Република Србија.

Против нив изготвени се соодветни поднесоци и депортирани се во матичните земји.

-Секторот за внатрешни работи Тетово, покрај другото, континуирано презема мерки за откривање и санкционирање на странски државјани кои непријавено престојуваат и работат на подрачјето. Станува збор за таканаречени економски емигранти, најчесто од соседството, кои најмногу од април до октомври извршуваат градежни или земјоделски работи, претежно во селата, изјави порпаролот Марјан Јосифоски.

Минатата 2020 година вкупниот број на странски државјани „илегалци“ со непријавен престој или незаконско вработување изнесувал 92.

-Повторно најмногу 60 се од Република Албанија, 16 од Косово и од уште неколку други земји (Иран, Бангладеш, Пакистан, Сирија и Мароко), но тие само транзитирале низ подрачјето. Странските државјани се на различна возраст, од 17 до 55 години, а минатите години некои од нив  неретко се сомничеа и за инволвираност во криминални активности, пред сѐ во кражби и тешки кражби, вели портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Поврзани новости

Може ќе ве интересира
Close
Back to top button
betewin   betewin   holiganbet   holiganbet   holiganbet   holiganbet   holiganbet   holiganbet   fixbet   fixbet   fixbet   fixbet   fixbet   fixbet   betsat   betsat   betsat   betsat   onwin   onwin   onwin   onwin   onwin   onwin   spinco   spinco   spinco   spinco   spinco   spinco   spinco   spinco   casibom   casibom   fixbet   betewin   mrking   fixbet   betewin   mrking   spinco   betewin   spinco   betewin   fixbet   betewin   spinco   matadoret   casibom   betsat   betsat   betsat   betsat   betsat   mrking   holiganbet   betparibu   onwin   onwin   onwin   onwin   onwin   onwin   onwin   onwin   onwin   onwin   onwin   casibom giriş   casibom   betgaranti   betebet   betebet   onwin   onwin   betgaranti   betgaranti   mrking   mrking   mrking   betebet   betebet   superbet   superbet   superbet   superbet   mrking   mrking   casibom   casinoper   bahisnow   casibom   betgaranti   betgaranti   slotbar   slotbar   onwin   onwin   rexbet   rexbet