Општина Илинден за прв пат спроведе бесплатни агрохемиски анализи на обработлива почва
Земјоделците се наш приоритет
Во насока кон унапредување на земјоделието, Општина Илинден во соработка со Факултетот за земјоделски науки и храна од Скопје, спроведе акција за бесплатни агрохемиски анализи на квалитетот на обработливата почва од 20 различни локации во сите населени места во општината.
Целта на ова испитување е земјоделците да добијат информации за квалитетот на почвата која ја обработуваат во нашата Општина, користа е повеќенаменска, правилно, навремено ѓубрење на културите, зголемување на приносот, намалување на загадувањето на почвата и подобрување на квалитетот на производите.
Земјоделците остварија средба со градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски и проф. д-р Миле Маркоски од Факултетот за земјоделски науки и храна од Скопје.
Градоначалникот Александар Георгиевски, изрази задоволство од интересот на земјоделците кои се вклучија во акцијата и додаде дека Општина Илинден е посветена во унапредување на земјоделството и истакна дека соработката со стручни лица од Факултетот за земјоделски науки и храна од Скопје и земјоделците ќе продолжи и во иднина со други активности и проекти кон унапредување на земјоделието.
Земјоделците на состанокот со проф. д-р Миле Маркоски беа детално запознати со резултатите од агрохемиската анализа на почвата, начинот на обработка на земјиштето за понатамошно подобрување на квалитетот на производите и зголемување реколтите.