fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Општина Кавадарци објави јавен повик лозарите и овоштарите да пријават штета од суша

Од денеска до 10 септември лозарите и овоштарите може да пријават материјална штета од суша, соопшти Општина Кавадарци.

На повикот може да се пријават сите што претрпеле последици од оваа елементарна непогода на кавадаречка територија.

Пријавувањето на штетите може да се врши секој работен ден од 8.30 до 16.30 часот во Граѓанскиот услужен центар во зградата на локалната самоуправа – Кавадарци.

„Се повикуваат граѓаните на Општина Кавадарци кои што имаат претрпено материјална штета на лозови и овошни насади од природна непогода-супша којашто го зафати подрачјето на територијата на општината, во месеците јули-август 2021 година, истата да ја пријават во просториите на општина Кавадарци.

Пријавувањето на штетите може да се врши секој работен ден почнувајќи од 30.08.2021 година (понеделник) до 10.09.2021 година (петок) во периодот од 08:30 до 16:30 во Граѓански услужен центар-Општина Кавадарци.

Од Општината потсетија дека сушата ги зафати лозовите и овошните насади во јули и август оваа година.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close