Нов оглас за закуп на „Џумајлија“

(Oвој напис е објавен на: February 24, 2017)

Со површините на „Џумајлија“ во Свети Николе од 2.060 хектари, на огласот се понудени и 155 хектари државно земјиште под закуп во Радовиш.

nov oglas za zakup na dzumajlija

 

Право на учество на јавниот оглас имаат домашни физички и правни и странски правни лица, а закупот е од 15 до 30 години во зависност од културата што ќе се одгледува.

Правните лица треба да достават бизнис план за намената за која ќе се користи земјиштето, технологијата и бројот на вработените.

Услов за учество во постапката за двете географски целини што се огласени во Свети Николе е понудувачите во рок од 4 години да инвестираат минимум 2  милиони евра со почетната цена на закупнината од 75 односно 91.000 евра годишно.

Рокот за пријавување е 60 дена од објавувањето на јавниот оглас.