fbpx
ВестиМеханизацијаТоп вести

Синпекс го претставува брендот „Агрина“ на Меѓународниот саем за земјоделство во Нови Сад

 

Од 11-17 мај со свои производи од брендот „Агрина“, екипа од Синпекс ДОО Битола се претставува  на Меѓународниот  саем за земјоделство во Нови Сад, Р. Србија. Станува збор за саем со долга традиција, кој на едно место ги собира сите важни актери на агро бизнисот и претставници на економските гранки кои се потпираат на земјоделството во овој дел од Европа, но и од 60 земји од сите континенти во светот.

Саемот се одржува по 86 пат и на него се изложени најновите технички и технолошки достигнувања во земјоделството, примената на науката во земјоделството, органска храна, најсовремена земјоделска машинерија, производи и услуги од најоддалечените делови на светот. Покрај изложените достигнувања, на саемот се одржуваат и низа активности од типот: стручни состаноци, тркалезни маси, едукации и презентации, со посебен акцент на подобрување на знаењата и примери на добра пракса.

Новосадскиот саем се смета за еден од најдобрите меѓународни саеми што се мери и со успехот на излагачите  кои ги има од цел свет.

Синпекс Битола е компанија која редовно ги следи најновите достигнувања од областа на земјоделството и се обидува да им ги доближи на земјоделците најновите светски техничко технолошки  достигнувања од светот. На саемот се претстави со штанд на кој е изложена ситна механизација од брендот „Агрина“. Широка палета на производи кои се одликуваат со највисокиот квалитет што може да се понуди на нашиот пазарот, а воедно се достапни и лесни за употреба.

Павлина Јовановска

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close