fbpx
Агро бизнисВестиМакедонија

Општина Радовиш-Не палете отпадоци и стрништа на нивите

Територијата на нашата држава во текот на летниот период се соочува со зачестени полски и шумски пожари

Општина Радовиш упати предупредување и апел до сите лица кои работат или се движат на отворен простор, особено на земјоделците кои интензивно се подготвуваат за пролетната сеидба и ги палат отпадоците и стрништа на нивите, да внимаваат и да ги ги заштитат површините од пожар на отворено.

-Територијата на нашата држава во текот на летниот период се соочува со зачестени полски и шумски пожари, кои се помогнати од покачувањето на темературите и сушниот период, а човечкиот фактор е посочен како причинител на истите, кои освен што ја загрозуваат животната средина, се закануваат и по животот на граѓаните, стои во апелот на Општината.

Предупредуваат, доколку се затекнат лица кои палат оган на отворен простор, односно предизвикуваат пожари поради палење на стрништа, дека тие подлежат на високи законски санкции.

Ги информираат граѓаните дека пожарите можат да се пријавата на телефонските броеви на полицијата, против пожарната единица, Регионалниот центар за управување со кризи и Општина Радовиш.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close