Наскоро домашна ракија во продавниците и кафеаните

(Oвој напис е објавен на: November 19, 2018)

Новиот предлог закон за акцизи на алкохолните пијалаци кој наскоро треба да се најде пред владата, а потоа и во собранието носи драстични промени во можноста да се произведува и продава домашна ракија.

Со новиот закон конечно се олеснуваат значително околностите под кои лозарите можат да произведуваат домашна ракија која ќе може легално да се продава во маркетите и во угостителските објекти.

Секој индивидуален производител ќе може да произведе еден тон чист алкохол или два тона ракија со јачина 50 степени да плати по 30 денари за бандерола за литар од 45 степени и да ја понуди на пазарот.

Освен индивидуалните производители на алкохол новите измени во законот нудат можност и за отворање на мала дестилерија која ќе може 2 тона чист алкохол или 4 тона 50 степени ракија да ја продаваат со 50% помали давачки од сегашните кои и натаму ќе важат за големите винарии и дестилерии.

Законските олеснувања одат до таму што веќе не мора да се кријат производителите на домашна ракија и вино бидејќи ќе бидат ослободени до 200 литри чист алкохол и до 500 литри вино да си произведат за свои потреби без никакви процедури и давачки.

Покрај ова во подготовка се и законските измени на законот за вино преку кој ќе се овозможи конечно и во земјава едноставно да се регистрира мала семејна винарија.

Со овие законски измени се создаваат услови за зголемување на понудата на алкохолни пијалаци и поголема конкуренција, државата ќе ја сузбие сивата економија, ќе се создадат услови за само вработување ќе се помогне развојот на руралниот туризам и ќе се овозможи заштита на потрошувачите преку задолжителната контрола на ракијата и виното за на пазар.

Share Button